Застрашувачки феномен: Што треба да знаете за луѓето сенки?
Луѓето сенки, исто така познати како темни фигури или црни материи, се мрачни човечки фигури кои најчесто се забележуваат навечер и кои можете да ги видите од аголот на вашето око. Понекогаш изгледаат како темни материјали. Ви звучи познато? Ако не сте сигурни дали сте виделе нешто слично, ова се нивните најчести карактеристики…
1. Многумина носат шапки.
2. Честопати носат старомодни наметки.
3. Свесни се за нашето постоење и реагираат на нас.
4. Генерално делуваат како мажи, иако полот не е видлив.
5. Можат да минуваат преку предмети и ѕидови.
6. Луѓето сенки се тивки, не комуницираат и не зборуваат.
7. Многу се високи, но не претерано, од 180 сантиметри до 2 метра (може да бидат и ниски).
8. Немаат видливи очи, иако понекогаш луѓето изјавиле дека виделе црвени очи.
9. Нивната фигура има длабочина, маса и тродимензионална форма.
10. Многу се брзи и се движат со брзина на светлината.
Кога ќе се појават луѓето сенки, најчесто забележуваме магла во близина. Црната материја почнува да добива облик на човек или животно, но без деталите што се карактеристични за луѓето, на пример без очи. Ако фигурата се задржи подолго време, сенката може да се претвори во проѕирен призрак. Луѓето сенки се појавуваат во различни форми и облици. Ова се неколкуте најчести типови…
Постојани луѓе сенки
Овие луѓе сенки се присутни во домовите, најчесто во спалните соби. Тие стојат во аголот на собата или на прагот и само гледаат. Не се обидуваат да комуницираат, туку само набљудуваат. Ако ги забележите, најчесто бегаат и минуваат низ ѕид или исчезнуваат во аголот. Обично имаат човечка форма и носат наметка или шапка. Овие луѓе сенки предизвикуваат чувство на страв и ужас. Тие најчесто се приврзуваат за еден поединец и го следат секаде каде што оди.
Посетители
Овој тип луѓе сенки си имаат свои планови и не се заинтересирани за тоа што го правиме. Тие најчесто одат од едно на друго место и не им е гајле дали ги гледаме. Тие се најмистериозните луѓе сенки, бидејќи не сакаат ниту да комуницираат со нас ниту да нѐ набљудуваат.
Луѓе сенки кои прогонуваат
Овој тип луѓе сенки се врзани за место или локација. Најчесто има повеќе такви луѓе сенки во одредена област. Се верува дека овие видови се емоционално поврзани за местото каде што се наоѓаат.
Луѓето сенки се појави што многу тешко можат да се разберат. Станува збор за суштества кои постојат во нашата димензија, но не можеме да знаеме дали преминале од друга димензија или се души кои се врзани за Земјата.
Како да се ослободите од луѓето сенки?
1. Воспоставете емоционална хармонија. Бидете позитивни, приземни и променете ја вашата емоционална состојба.
2. Спроведете спиритуално прочистување.
3. Оставете ги светлата вклучени, бидејќи тоа ја нарушува енергијата на луѓето сенки.
Во продолжение прочитајте ги и искуствата на некои луѓе кои имале средба со ваквите сенки…
„Моето искуство со луѓето сенки започна кога бев дете. Ги нарекував ’ѕидот’. Се плашев да спијам во мојата соба и најчесто одев да спијам во дневна. Мислев дека нема да ме видат ако го покријам секој дел од моето тело со чаршав. Обично се појавуваа едно или три такви суштества. Тие што ги гледав беа како црна материја со човечка форма, но без други човечки карактеристики. Не се обидуваа да комуницираат со мене и не исчезнуваа кога ги гледав. Верувам дека тие биле приврзани за мојата локација, бидејќи кога се преселив, не ги видов никогаш повторно.“
„Моето последно искуство со луѓето сенки се случи пред неколку месеци. Бев надвор и одеднаш се појави магла која се задржи неколку минути и потоа исчезна. Не се исплашив, туку бев благодарна за искуството, па дури и се доближив за да го видам. Како што се доближував, можев да ја почувствувам неговата енергија и имав чувство како да поминува нечија душа низ мене. Тоа беше еден од најубавите моменти во мојот живот, бидејќи почувствував како се спојуваат две различни димензии.“
Дали вие некогаш сте виделе луѓе сенки? Што мислите за оваа појава?
Доколку верувате во натприродни сили, прочитајте ги следниве 5 знаци дека вашиот дом е опседнат со духови.