Застрашувачки чудовишта кои се инспирирани од вистински настани

Застрашувачки чудовишта кои се инспирирани од вистински настани

Дали некогаш сте се запрашале од каде добиле инспирација писателите да пишуваат за вампири, врколаци и психотични кловнови? Повеќето од тие чудовишта се инспирирани од вистински настани, иако не постоеле навистина во буквална смисла на зборот. Можеби вистинскиот Дракула не можел да се претвори во лилјак, но факт е дека бодел луѓе на колци. Лудиот научник кој е заслужен за настанокот на доктор Франкенштајн навистина тврдел дека може да ги врати мртовците во живот. Во продолжение прочитајте ги бизарните вистини што се кријат зад најстрашните чудовишта од книжевниот свет…

Чудовиштето на Франкештајн

Застрашувачки чудовишта кои се инспирирани од вистински настани

Пред да постои Виктор Франкенштајн, постоел научникот Џовани Алдини. Во 1803 година во Лондон, Алдини решил дека мора да ја измами смртта и да ги врати мртовците во живот. Успеал да дојде до телото на еден обесен криминалец и се обидел да го воскресне во Кралскиот колеџ за хирурзи со тоа што спровел електрична струја низ телото на мртвиот. На почетокот, телото изгледало како да се движи, мртовецот дури и зел малку воздух, но по неколку часови експериментирање, батеријата на Алдини се истрошила и трупот повторно бил мртов. Еден од присутните му го раскажал овој настан на неговиот пријател Вилијам Годвин, чија ќерка Мери станала автор на приказната за Франкенштајн.

Гроф Дракула

Застрашувачки чудовишта кои се инспирирани од вистински настани

Брем Стокер зел инспирација од романскиот фолклор во кој се опишувале чудовишта што пијат крв и го создал познатиот вампир кој го крстил по вистинска личност. Влад Трети, принцот на Валахија, бил вистински принц од Трансилванија кој го добил прекарот Влад Цепеш бидејќи ги набивал неговите непријатели на колци. Тој бил исто така познат како Дракула, што значи „син на змејот“. Но, Стокер ги искористил само името и местото на живеење на Влад. Неговата книга „Дракула“ се базира на митските вампири од источна Европа. Митот настанал кога лошо закопани трупови излегувале на површина и свежа крв им излегувала од усните, што е нормален дел од распаѓањето на труповите, но сите европски селани биле извадени од памет. Тие мислеле дека овие мртовци излегувале од гробовите за да цицаат крв во ни едно време од ноќта.

Врколаци

Застрашувачки чудовишта кои се инспирирани од вистински настани

Врколаците постојано се појавуваат во литературата, од античката римска комедија „Сатирикон“ (според која доколку мочате во круг околу вашата облека ќе се претворите во волк) па сѐ до модерните трилери и љубовни романи. Но, постоеле „вистински“ луѓе волци во претхристијанска Европа. Нордиските воини познати како Берсеркери оделе во мечкините и волчјите скривалишта и го „канализирале“ духот на животното со цел да се трансформираат во крвожедни ѕверови на бојното поле. Се претпоставува дека користеле разни опијати како што се халуциногените печурки пред да одат во борба.

Господин Хајд

Застрашувачки чудовишта кои се инспирирани од вистински настани

Кога сме веќе кај дрогите, „Доктор Џекил и господин Хајд“ е класична приказна со морална поука дека дрогите ве менуваат. Доктор Џекил е многу смирен човек сѐ додека не се напие од чудната напивка што ќе го претвори во чудовиштниот Хајд. Писателот Роберт Луис Стивенсон и самиот имал искуство со двоен живот предизвикан од дрога. Тој напишал прва верзија од новелата и кога добил критика од жена му, го запалил ракописот и одново го напишал за неколку дена под дејство на кокаин. Но, немојте да мислите дека имал проблеми со дрогата. Кокаинот го зел како терапија против обилно крвавење (хеморагија).

Минотаур

Застрашувачки чудовишта кои се инспирирани од вистински настани

Сигурно веќе ги знаете основните факти од митот за Минотаурот од античката грчка литература. Се работи за суштество со глава на бик и тело на човек кој живеел во лавиринтот на островот Крит, каде што му биле испраќани деца од Атина за да ги убие на брутален начин. Но, тоа жртвување на деца на чудовиште што личи на бик има вистинска историска основа. Античката критска уметност изобилува со слики од млади мажи и жени кои скокаат преку бик како да прават некој ритуал или како да играат некоја игра. Некои историчари навистина мислат дека ги испраќале децата во Крит за да ја научат оваа опасна вештина на прескокнување бикови, во спротивно биле жртвувани од страна на свештеник кој носел маска на бик.

Злобен кловн

Застрашувачки чудовишта кои се инспирирани од вистински настани

Постојат теории дека страшниот кловн на Стивен Кинг, Пенивајз е барем делумно инспириран од вистинскиот сериски убиец Џон Вејн Гејси кој работел како кловн на роденденски забави и убил 33 момчиња во 1970-тите. Сепак, стравот од кловнови потекнува уште пред да се појават Гејси и Пенивајз. Според психолозите, луѓето се плашат од кловнови бидејќи не можат да им го видат вистинскиот израз на лицето под целата таа морничава шминка.

Обезглавениот коњаник

Застрашувачки чудовишта кои се инспирирани од вистински настани

Дури и во расказот на Вашингтон Ирвинг „Легендата за заспаната долина“, постојат големи импликации дека Обезглавениот коњаник е измама, а не вистински дух. Но, навистина постоел обезглавен коњаник кој бил закопан во вистинската Заспана долина, иако тој никогаш не излегол од гробот. Според дневникот на американскиот генерал Вилијам Хит, на 31-ви октомври, 1776 година, еден војник кој се борел во британската војска бил обезглавен од топ што исто така го убил и неговиот коњ. Тоа се случило на неколку километри од Заспаната долина, каде што бил закопан.

Зомбиња

Застрашувачки чудовишта кои се инспирирани од вистински настани

Зомбињата се насекаде. Во стриповите, на телевизија, во литературата… Не можете да побегнете од зомбињата! Но, од каде дошла идејата за нив? Оригиналната приказна за зомбињата е многу тажна. Многу култури имаат приказни за живите мртовци, но легендата за зомбињата кои се тетерават, потекнува од ропството во Хаити. Во периодот помеѓу 1625 и 1800 година, робовите во Хаити имале неподнослив живот и смртта ја гледале како ослободување. Но, смртта предизвикана од самоубиство не гарантирала среќен задгробен живот, па наместо тоа тие биле осудени да се движат низ плантажите со години, како живи мртовци. По Хаитската револуција во 1804 година, митот за зомбиња еволуирал во мит за оживеани мртовци кои вуду свештениците ги користеле како живи кукли. Оттаму Холивуд ја зел идејата во 1930-тите, ја отстранил приказната за ропството и почнал да произведува хорор филмови кои ги инспирирале и хорор писателите. Имајте ги на ум последиците од колонијализмот кога ќе ја гледате следната епизода на „Живи мртовци“ (The Walking Dead).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Аха Reply

    „Зел“, а не „земал“ 🙂

    • Моника Трајковска Reply

      Благодариме за забелешката. Направена е корекција.

Остави коментар