Застрашувачка прогноза од Нострадамус за 2018 година
Нострадамус е еден од најпознатите пророци, а за следната година тој предвидел некои навистина големи катастрофи. Ако се земе предвид дека многу од неговите пророштва се исполниле, како француската револуција, слетувањето на месечината и атомската бомба, можеби и треба да се загрижиме за неговата прогноза за 2018-та година.
Според него, следната година ќе еруптира вулканот Везув, а веднаш потоа ќе следува силен земјотрес. Во 2-те катастрофи, животот ќе го изгубат 16.000 луѓе. Исто така тој предвидел уште еден земјотрес на западниот дел од САД кој би се почувствувал низ целиот свет.
Во неговите пророштва е запишано дека на почетокот на 21-ви век ќе избие војна во Франција која ќе се прошири низ останатиот дел од Европа. Тој тврдел дека по немирниот период од 20 години, во 2025 повторно ќе владее мир, но „малкумина ќе можат да уживаат во него.“
Нострадамус е роден како Мишел де Нотр Дам на 14-ти декември, 1503 година во Франција. Тој бил лекар, астролог и пророк. Неговата книга „Пророштва“ издадена е во милиони примероци и денес е најпознатата книга со пророштва. Првото издание се појавило во 1555 година, и од денот на издавањето привлекла многу внимание.
Се верува дека Нострадамус ја предвидувал иднината така што ставал вода во длабока чинија. Долго ја посматрал водата и му се појавувале визии за идните настани. Пророштвата ги пишувал во стихови и во малку завиена форма од страв да не го обвинат за вештерство. Делумно бил безбеден од такви обвинувања бидејќи ѝ бил миленик на Катарина Медичи, која била склона кон окултното.
Погледнете и некои од историските предвидувања што навистина се оствариле.