Застарени традиции од кои сме премногу тврдоглави да се ослободиме
Жените треба да го променат презимето по венчавка, мора да ја посетите тетка ви кога ѝ е роденден… Овие нешта ни изгледаат сосема природно, но понекогаш ни е навистина преку глава од нив и сметаме дека се навистина апсурдни. Корисниците на Редит решиле да споделат од кои традиции е време да се ослободиме, а ова се 10-те најпознати.
1. Трошење многу пари за венчавка
Денес паровите обично не сакаат да земат пари на заем само за да ја следат оваа традиција. Сè повеќе и повеќе луѓе одлучуваат да ја направат венчавката интимен собир со семејството и најблиските пријатели, а парите да ги потрошат за патување.
„Никогаш не разбирав зошто венчавките треба да бидат толку големи и скапи. Што има лошо во едноставна церемонија и малку храна? Мислам дека на младите брачни парови ќе им биде потребно да ги потрошат тие пари за нешта што ќе им го подобрат животот наместо за обична забава.“
Тивките и тематски венчавки, како и „зелените“ венчавки во кои се прескокнува употребата на покани, програми и мени на хартија за да се намали загадувањето на околината, стануваат сè попопуларни.
2. Голема роденденска забава за мало дете
Многу е голема веројатноста детето да не се сеќава на прославата.
„Ова е повеќе за родителите да прослават дека успеале цела година да бидат родители.“
Огромните роденденски забави повеќе не се толку чести. Подобро е да ги оставите децата да си играат надвор. Родителите конечно почнуваат да сфаќаат дека трошат премногу на фустани, балони и торти. Модерните родители сакаат да ги зачуваат овие пари за поважни нешта.
3. Почитување на сите роднини
Не секој е подготвен да одржи здрава врска со напорниот чичко или тетка.
„Од мене се очекува да ги почитувам членовите од семејството кои ми велат дека сè правам погрешно. Никако!“
Ова важи и за задолжителните семејни ручеци. Многу луѓе повеќе сакаат да поминуваат време со блиските пријатели или со роднините кои навистина ги ценат и ги сакаат.
4. Менување на презимето по стапување во брак
Многу жени не сакаат да го променат своето презиме најчесто поради тоа што треба да ги променат сите нивни документи како лична карта, возачка и слично.
„Зошто кој било да го менува презимето? Јас сум во брак и двајцата си ги зачувавме презимињата и тоа нема никакво влијание на нашиот брак или на нашите чувства еден кон друг.“
Сепак, многу парови го менуваат своето мислење откако ќе се одлучат да имаат деца.
5. Местење на креветот наутро
Оваа традиција предизвика лавина реакции. Многу луѓе сметаат дека местењето на креветот наутро навистина нема смисла.
„Го местиме креветот, одиме на работа и нашето куче ги мести перниците на средина, ги трга прекривките и спие на креветот цел ден. Секој ден кога ќе си дојдам од работа ја прашувам сопругата која е поентата на местење на креветот.“
Дури и научниците се расправаат за ова. Група истражувачи од Универзитетот Кингстон откриле дека кога го местиме креветот наутро создаваме совршена средина за размножување бактерии кои сакаат влага. Ако не можете да не го наместите, подобро е да го оставите креветот така барем 5 минути откако ќе се разбудите.
Продолжува на следната страница…