Заштитете го вашиот идентитет: 5 лични податоци кои никогаш не треба да ги испраќате преку текстуална порака
Денес, во дигиталната ера, воопшто не е чудно, ниту пак е реткост, крадењето на идентитетот. Па, без разлика на тоа кој ви ги бара вашите лични податоци и за која било намена, секогаш треба да бидете претпазливи кога истите ги испраќате онлајн преку порака. Покрај другото, посебно внимание обрнете на овие пет работи кои без оглед на ситуацијата, никогаш не треба да ги испраќате преку Интернет.
Вашиот матичен број
Сфатете го тоа како тајна лозинка за да пристапите до сѐ во вашиот живот. Затоа, треба да бидете особено претпазливи околу тоа кому го кажувате, а никогаш не треба да го испраќате во обична текстуална порака. Всушност, некому би му требал вашиот матичен број само во исклучителни случаи, како на пример отворање сметка во банка, поднесување одредено барање до институциите и слично. Па, дури и во ваквите случаи треба вие лично да си го запишете, а доколку тоа не е изводливо, најдобро е усно да го кажете преку телефон.
Копија од вашата возачка дозвола
На пример, започнувате нова работа и на вашиот работодавец потребно е да му ги испратите документите што е можно побрзо. Но, наместо да ги испраќате преку електронска пошта, најдобро е истите да ги однесете директно во компанијата, преку некој посредник на кој можете да му верувате или пак преку пошта.
Копија од пасош
Истото се однесува и на пасошот. Искусните хакери може многу лесно да го злоупотребат испраќањето на вашите лични податоци преку Интернет.
Бројот на вашата кредитна картичка
Колку и да ви е потребна оваа информација, не дозволувајте која било ситуација да ве натера да го испратите бројот на вашата кредитна картичка преку Интернет. Не можете ни да замислите колку им е лесно на крадците да го злоупотребат тоа. Уште една причина плус за да го кренете телефонот и усно да се договорите.
Лозинки на вашите сметки
Дури и да ви е познато ова, вреди уште еднаш да се напомени дека не треба да ги испраќате преку Интернет вашите важни лозинки, како на пример од кредитните картички, вашата електронска пошта и слично, затоа што ако некој добие пристап до вашата електронска пошта, тогаш имате многу да изгубите.