Запознајте се со Ернест, мачорот кој живее на фарма во Висконсин и сака да ги масира своите „крзнени пријатели“
Животните од фармата „Juggling Daises “ во Висконсин имаат причина повеќе да бидат среќни. Освен тоа што живеат на прекрасно место опкружено со љубовта на нивните сопственици, тие имаат и личен терапевт за масажа кој не е ветеринарот што ги посетува понекогаш – тоа е мачорот кој се вика Ернест и живее заедно со нив.
„Juggling Daises“ е дом на многу животни како свињи, крави, овци, мачки и кучиња. „Засекогаш миленичиња, никогаш храна“ – е мотото на фармата што го читаме на блогот што го води сопственичката на фармата, Ејми Зимер.
View this post on Instagram
На нејзиниот блог Ејми споделува смешни и интересни моменти од животот на фармата. Симпатични, смешни и непредвидливи, сите животни се вистински sвезди, но оној кој секогаш го „краде шоуто“ е мачорот со име Ернест. Ернест не може да помине ниту еден ден без да ги масира своите соседи на фармата и изгледа дека ужива во тоа!
Ејми ги објавува видеата од сеансите за масажа на Ернест со овците, свињите и другите животни и им става смешни наслови како „Ернест и неговите ‘клиенти’“. Еве неколку нејзини објави во кои ќе уживате и ќе ја почувствувате топлината на шепите на Ернест!
View this post on Instagram
„Иии ја избирам… Клеметајн!“ – Ернест
„Свињите се големи перници, но овците се како голем душек!“ – Ернест
„Сеси, готово… Ќе те чекам во ходникот со чаша вода. Не брзај се!” – Ернест
„Јас сум крал на свињите!“ – Ернест
„Еј Мона, го најдов појадокот што го чуваше за подоцна… Чекај да го „исчистам“ додека сум овде.“ – Ернест
Освен добрата масажа по која неговите „клиенти“ веднаш заспиваат, Ернест сака и да дремне врз нив.
„Сакам да ги слушам вашите шеги, ајде зборувај за што било.“ Ернест
„Сè е во негова техника. Неговата умешност ме успива секогаш… Но, и неговите слатки, мали бакнежи… “ – прасето Тулип
„Масажа на зајдисонце, грицкање на ушите, бакнежи… Мора да сонувам… Почекај… Се будам… Па, ова навистина се случува!“ – прасицата Климентајн
Кој рече дека мачките и кучињата не се согласуваат? Само погледнете колку несебично Ернест го масира Едгар, кучето, пријател од фармата. И очигледно е дека Едгар ужива во масажата.
„Само напред, опушти се Едгар, ќе ти донесам и парчиња краставици за очите за една минута.“ – Ернест
Можеби сакате да ја дознате и приказната на еден наставник кој случајно наишол на мечиња „кои танцуваат“ додека се шетал во шума во Финска, па се вчудовидел од неверојатната глетка.