Запознајте ја Вирџинија, прасето кое мисли дека е куче
Некои луѓе кои доживуваат средновековна криза, одлучуваат да си направат нов идентитет или пак, прават луди нешта за повторно да се почувствуваат млади. Но, ова мало прасе има сосема поинаква криза на идентитетот. Запознајте ја Вирџинија, 10-месечното прасе од Колорадо кое мисли дека е куче. Таа живее во дом со кучиња од расата боксери, па токму затоа почнала и да размислува како нив. Според нејзиниот сопственик, таа воопшто не сфаќа дека не е куче. Но, тоа воопшто не им пречи и како и сите други домашни животни, тие обожаваат да ја гушкаат и да си играат со неа.
И покрај тоа што ние ги гледаме прасињата само како животни од фарма, тие всушност се едни од најдинамичните и најинтелигентните животни. Сопствениците на Вирџинија веруваат дека таа дури е многу попаметна од нејзините кучиња браќа и сестри, бидејќи таа прва научила како се употребува вратата за кучиња и најбрзо сфатила каде треба да „оди во тоалет“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.