Запознајте ја Валери – кученце со прекрасно срце на крзното
Кучињата ретко ги кријат своите емоции, а ова кученце дефинитивно сака да му ја покаже на светот сета своја љубов. Малата Валери, која е мешавина од расите џек расел териер и чивава, се родила со дамка во облик на срце на нејзиното крзно, во домот на Џоен и Дејв Бордман во Стафордшир, Англија.Коментирајќи за нејзиното новородено, необично кутре, Џоен рекла: „Срцето е толку очигледно, што нема шанси да го промашите. Никогаш немам видено нешто вакво досега.“Сега за сега, Валери ќе го дели своето живеалиште со уште 25 други кучиња, меѓу кои има 12 млади кученца. Бордманови се големи љубители на кучиња и во својот дом чуваат 5 чивави, германска дога, јоркширски териер, пудла, британски булдог, џек расел и две кучиња помешани со расата јоркшир териер. Потоа, Валери веројатно ќе мора да замине во некој друг дом, бидејќи 40-годишната Џоен признава дека нема да може да чува повеќе кучиња, со оглед на тоа што трошокот за нив на месечно ниво изнесува околу 140 евра.
Ќерката на Џоен, Стејси (22) додава: „Сакам да ја задржам, но мислам дека нема да можам да го убедам татко ми. Одржуваме контакти со сите луѓе на кои им имаме дадено порано куче и тие најчесто се враќаат за да земат уште едно. Секогаш сме сигурни дека нашите кученца одат во добар дом“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.