Запознајте ја Рапанзел од вистинскиот живот
На сите ни е позната приказната за принцезата Рапанзел која целиот свој живот го поминала затворена во висока кула, додека еден одметник не ја ослободил. А како ја извлекол од кулата? Благодарение на нејзината неверојатна коса долга 2 метра!
Но, оваа принцеза од Дизни повеќе не е само лик од приказните бидејќи се појави девојка која без двоумење можеме да ја наречеме вистинската Рапанзел!
Станува збор за Русинката Дашик Губанова која ја нема скратено косата уште од 2003 година!
Нејзината цел е да ја порасне косата до прстите на нејзините стапала, а потоа планира да ја донира за од неа да направат перики.
Губанова редовно споделува фотографии од нејзината прекрасна долга коса на Инстаграм, каде што има повеќе од 120.000 следбеници. Понекогаш објавува и видеа кои покажуваат колку многу долга е всушност нејзината коса.
Таа е навистина неверојатна, но сигурно во главата ви се вртат еден куп прашања. Како воопшто ја мие косата? Колку време ѝ треба за да ја исуши? Замислете си само колку е тешка кога е мокра!
Колку и да ви изгледа луда помислата да живеете со олку долга коса, сепак се работи за благородна цел и не ни останува ништо друго освен да ја поддржиме и да се чудиме на нејзината должина.