Запознајте ја Попи, има 24 години и е најстарата мачка на светот
Со свои 24 години, што е еднакво на 114 човечки години, Попи е мала, но важна кафено-црна мачка од Борнмут, Велика Британија. Таа само што ја доби титулата за најстара мачка во Гинисовата книга на рекорди. Родена е во февруари, 1990.
Според годините на Попи, таа две години по ред е веднаш зад Јапонката Мисао Окава, најстариот човек во светот.
Сопственичката на Попи, Маргарит Вест, која ја земала на возраст од 5 години од друг сопственик вели:
„Таа е глува и слепа и мјаука за сѐ. Понекогаш ја викаме намќорестата Попи. Таа може да се качува по скали, но не ја пуштаме да се спушта надолу.“
Маргарит додава дека невообичаената долговечност на Попи се должи на специјална исхрана и вежби:
„Претпоставувам дека има добра исхрана и практикува многу вежбање. Се одржува во добра состојба движејќи се наоколу и јаде доста. Но, никогаш не била голема мачка. Сака необична храна од сервисите за достава. Понекогаш ѝ даваме пилешко, риба и помфрит, па дури и ќебапи од KFC.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.