Запознајте ја Пем Пем, мало маченце со хетерохромија чии очи ќе ве хиптонизираат
Ова е Пем Пем, мачето со најсмирувачките очи кои ги имате видено. Погледнете ги фотографиите, но не предолго бидејќи по одредено време, веќе нема да можете да го тргнете погледот од нив! Причината за различната боја на очите на Пем Пем е состојба наречена хетерохромија иридис. Се карактеризира со абнормалности на ирисот, и оние кои ја имаат оваа болест имаат очи со различна боја. Друг вид на оваа состојба се нарекува делумна хетерохримија и се карактеризира со различни бои во едното око.
Хетерохромијата може да биде предизвикана од инцест, генетско наследување или мутација. Кај некои видови мачки, како кај турските ангорки, хетерохромијата е посакувана карактеристика која одгледувачите се обидуваат да ја зачуваат. Наследната хетерохромија не е опасна и може да се појави и кај луѓето и кај животните.
Продолжете на следната страница за повеќе фотографии од ова неодоливо маче!