Запознајте ја Лила, најчудниот питбул на светот
Лила е слатко куче со навистина необично однесување. Нејзиниот сопственик, познат светот на Интернетот како xsoup4you, низ неколку шеги и фотографии ја објаснува нејзината ексцентрична природа. За жал, оваа раса кучиња често имаат лоша репутација, најверојатно поради нивната историја на боречки кучиња кои се агресивни. Но, ова е големо недоразбирање бидејќи постојат истражувања кои покажуваат дека питбулите не се поагресивни од другите видови кучиња. Како и секое друго куче, така и тие се однесуваат според начинот на кој се одгледани. А ако тоа е со многу љубов и грижа, нема потреба да се плашите од нив. Погледнете неколку неверојатни фотографии од Лила, како и објаснувањата од нејзиниот сопственик што ќе ве насмеат до солзи.
„Често седи вака, како тоа да е нормално.“
„И вака спие. Не изгледа како да има ментално нарушување, но никој не може да биде целосно сигурен.“
„Кога ѝ кажувам дека е чудна, ме погледнува вака.“
„Дефинитивно знае да изгледа виновно.“
„Не може да спие ако нозете не ѝ се испружени!“
Продолжува на следната страница…
Zdravo. Bi sakala da znam kako mozam kutrevo da go najdam na instagram da go sledam?Vi blagodaram
Здраво Драгана,
Додадовме линк од профилот на нејзиниот сопственик на Имгур, можеш да го најдеш во воведот на текстот – тоа е единственото место каде што тој објавува фотографии од Лила.
Поздрав и убав ден