Запознајте ја Кејти Боуман, жената што ни помогна да ја фотографираме црната дупка

Запознајте ја Кејти Боуман, жената што ни помогна да ја фотографираме црната дупка

Овие денови, целиот свет зборува за Кејти Боуман, 29-годишната жена која е заслужна за првата фотографија од црна дупка во историјата. Кејти е компјутерски научник и последните две години ги поминала развивајќи алгоритам што го овозможи овој неверојатен успех. Нејзината програма е наречена CHIRP и овозможува вмрежување на телескопите кои успеаја да фотографираат нешто за коешто се мислеше дека е невозможно.

Запознајте ја Кејти Боуман, жената што ни помогна да ја фотографираме црната дупка

Кејти студирала на Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) и уште таму го водела развивањето на алгоритами. Таа работела со тимот од Лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција, како и со Центарот за астрофизика на Харвард и Смитсонијан. Нејзиниот успех има големо значење за целата научна заедница, особено за жените во науката. Корисниците на Интернет веднаш ѝ го дадоа заслуженото признание, па нејзината фотографија стана популарна ширум целиот свет.

Запознајте ја Кејти Боуман, жената што ни помогна да ја фотографираме црната дупка

Нејзиниот успех го споделиле и МИТ и Смитсонијан на нивните официјални Твитер профили:

„Пред три години, студентката од МИТ Кејти Боуман го водеше создавањето на нов алгоритам кој ќе ја направи првата фотографија од црна дупка во историјата. Денес, таа фотографија е објавена.“

Од МИТ објавиле и фотографија во која ја споредуваат Кејти со Маргарет Хамилтон. Во описот на фотографијата стои:

„Лево: Компјутерскиот научник Кејти Боуман со хард дискови од податоци за фотографијата за црната дупка. Десно: Компјутерскиот научник од МИТ Маргарет Хамилтон, со кодот што го напиша што им помогна на луѓето да застанат на месечината.“

Запознајте ја Кејти Боуман, жената што ни помогна да ја фотографираме црната дупка

Кејти, за која се знае многу малку, за CNN само скромно изјавила:

„Никој од нас не можеше да направи нешто вакво сам. Сето ова се вклопи благодарение на многу различни луѓе со различни позадини.“

Кејти споделила и фотографија од нејзиниот тим на Фејсбук.

Запознајте ја Кејти Боуман, жената што ни помогна да ја фотографираме црната дупка

„Толку сум среќна што конечно можеме да го споделиме она на коешто работевме изминатата година. Фотографијата прикажана денес е комбинација од фотографии направени со неколку методи. Оваа фотографија не ја направи еден алгоритам или една личност, беше потребен неверојатниот талент на тим научници од ширум светот и години напорна работа за да се развие инструментот, процесирањето на податоци, методите за фотографирање и техниките за анализирање, што беа неопходни за овој навидум невозможен подвиг. Ми беше вистинска чест и сум толку среќна што имав можност да работам со сите вас“, стои во описот на фотографијата.

Дознајте нешто повеќе за првата фотографија од црна дупка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар