Запознајте ја Иванка Данисова: Моќни фотографии на жената родена со половина лице
Иванка студирала во Велика Британија и ќе се врати назад во Чикаго до септември за последната операција по која ќе може да живее нормален живот со луѓето околу неа.
„Моето детство не беше како прошетка во паркот, бидејќи имаше моменти кога на суров начин ми беше покажано дека сум ’различна’. Потоа, ми беше поставена дијагноза и ја изгубив сета надеж. Не требаше ни да преживеам. И покрај многуте пречки, отсекогаш сум се сметала за дете со визија и цел во животот и никој и ништо не можеше да ми застане на патот“, открила таа.
„Додека растев, научив да ја зголемувам мојата самодоверба, бидејќи кога бев мала, не бев толку храбра колку што сум сега. Бев срамежливо и плашливо мало девојче кое се бореше за да постигне успех на училиште и за да им покаже на сите дека еден ден ќе порасне и ќе докаже колку вреди“, изјавила Иванка.
Иванка не е првата која имала некаков проблем со надворешниот изглед и успеала да се издигне над тоа и да води нормален живот. Таа е уште еден од многуте примери кои докажуваат дека упорноста, храброста и вербата во себе се потребните алатки што ќе нѐ одведат до посакуваната цел во животот. Нека Иванка Данисова биде вашата инспирација за да почнете да живеете со полни гради.
Погледнете ја и оваа девојка која била нарекувана „чудовиште“ и можеби ќе стане следната Мис Универзум.