Запознајте ја Делија: 4-годишно девојче кое има прочитано 1.000 книги!

Запознајте ја Делија: 4-годишно девојче кое има прочитано 1.000 книги!

Ако барате инспирација за да почнете со читање, дефинитивно треба да дознаете повеќе за 4-годишното девојче Делија Мери Арана од Грузија кое ја доби титулата „Библиотекар на денот“. Титулата ѝ беше доделена од страна на Карла Хајден, раководителка на Конгресната библиотека во САД. Па, што направила Делија за да се здобие со вакви почести?

Запознајте ја Делија: 4-годишно девојче кое има прочитано 1.000 книги!

Ништо, освен тоа што има прочитано 1.000 книги! Да, точно, има 4 години, а веќе има прочитано повеќе книги од вас. Нејзините родители откриле дека Делија почнала да учи да чита уште пред да се роди. Мајка ѝ им читала книги на другите нејзини деца додека била бремена со Делија, а подоцна како бебе, таа ги слушала нејзините братчиња и сестричиња како читаат на глас. Наскоро, станало очигледно дека Делија не е задоволна со тоа само да слуша некој како ѝ чита. И таа сакала да чита. Па така, кога имала само 2 години, таа самостојно ја прочитала нејзината прва книга.

Запознајте ја Делија: 4-годишно девојче кое има прочитано 1.000 книги!

Делија и нејзините родители решиле да се обидат да ја следат програмата наречена „1.000 книги пред градинка“ (1,000 Books Before Kindergarten) за да можат да водат евиденција на сите книги што таа ги чита. Девојчето успеало да ја достигне целта за само една година. Со оглед на тоа што Делија ќе почне да оди во градинка дури во есен, таа планира да прочита уште 500 книги дотогаш. Иако родителите не знаат точно на кое ниво е нејзиното читање, тие велат дека таа со леснотија ги чита книгите што нејзините 10-годишни и 12-годишни братчиња и сестричиња ги носат дома. Таа има прочитано и неколку текста на универзитетско ниво.

Запознајте ја Делија: 4-годишно девојче кое има прочитано 1.000 книги!

Оваа инспиративна приказна го привлекла вниманието на најголемата „бубалица“ во САД, Карла Хајден, 14-тата конгресна библиотекарка. Таа ја поканила Делија во Конгресната библиотека за да го прослави нејзиното достигнување. Додека била таму, Делија прошетала низ најголемата библиотека во светот и присуствувала на важни директорски состаноци. Делија дури и предложила како Конгресната библиотека би можела да стане подостапна за децата. Таа дала предлог да се инсталираат бели табли во ходниците на кои децата ќе можат да ги вежбаат нивните вештини за пишување.

Запознајте ја Делија: 4-годишно девојче кое има прочитано 1.000 книги!

Делија и мајка ѝ се надеваат дека нивната приказна ќе инспирира многу деца и родители да почнат да читаат заедно како семејство што е можно порано. Освен тоа, научно докажано е дека читањето книги заедно со децата е корисно и за децата и за родителите. Па, што чекате? Оваа година поставете си цел да почнете да читате повеќе, исто како Делија и нејзиното семејство.

Погледнете го и видеото во кое Делија чита говор на академско ниво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар