Запознајте го Рајан, 6-годишното момче кое заработува милиони
Повеќето луѓе не уживаат во својата работа, а многумина не се ни платени доволно добро. Но, Рајан не спаѓа во оваа група. Тој е Интернет ѕвезда што заработува и до 10 милиони евра годишно правејќи рецензии за играчки на Јутјуб. Најинтересно е што тој има само 6 години.
Неговиот канал, Ryan ToysReview има над 10 милиони следбеници и според Форбс, тој е осмиот најплатен „Јутјубер“ изминатава година. Каналот го започнал во 2015 година кога имал само 4 години, а оттогаш неговите видеа се прегледани милијарда пати. Неговата мајка, Лоан, која била наставник, морала да се откаже од работното место за да може да му помогне на малиот Рајан.
Во неговите видеа Рајан отвора и зборува за нови играчки. Неговата мајка изјавила:
„Еден ден ме праша зошто и тој не е на Јутјуб како и многу други деца. Па одлучивме заедно дека и ние можеме да го правиме тоа.“
„Покрај сè, ова е и одличен начин да поминуваме многу време заедно како семејство и подобро да се поврземе со него“, изјавил неговиот татко.
„Тој навистина сака да ги снима видеата. Секогаш кога ќе му кажам дека ќе снимаме се радува.“
Неговото најпознато видео, „Huge Eggs Surprise Toy Challenge“ има над 1 милијарда прегледи.
На второ место се наоѓа „How to Make Giant Slime Goo“ со 110 милиони прегледи.
На трето место е „Hatchimals Surprise Eggs Opening“ со 9 милиони прегледи.
Погледнете и кои се најплатените Инстаграм профили.