Запознајте го Норм, мопсот кој има карактер
Џереми Вич е горд сопственик на Норм, четвороножен пријател, со кого се дружи уште кога тој бил стар само 8 недели (сега е стар 11 и пол месеци). Наскоро откако Џереми го добил, почнал да прави фотографии од ова исклучително фотогенично кутре и да ги објавува на Инстаграм, со кои постигнал неверојатна популарност. Најсмешни фотки се оние кои личат како Норм сам да си ги направил со мобилен телефон. Мораме да ја признаеме креативноста на Џереми, постојано да создава различни сцени, оригинално смислени, кои го откриваат забавниот карактер на неговото куче.
„Тој навистина ги сака овие фотографии и навистина се внесува додека позира. Кога правам нешто што не му се допаѓа, можам да го почувствувам тоа кај него и веднаш преминувам на некоја нова идеја“.
Погледнете дел од забавните фотки со Норм.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.