Запознајте го најслаткиот продавач на риба во Виетнам кој го освои Интернетот
Има еден уличен продавач во Виетнам кој дефинитивно нема конкуренција! Благодарение на неговата неодолива облека, најверојатно би можел да ве убеди да купите песок во пустина. Станува збор за 3-годишен мачор кој се вика Дог (куче). Заедно со својот сопственик Ле Квок Фонг биле забележани неколку пати на локалниот пазар.
Дог е секогаш убаво облечен и изгледа навистина модерно, а истовремено заработува за живот. Освен тоа, тој е и рок ѕвезда!
„Дог обожава сладолед, патувања и спиење. Тој исто така има многу девојки и многу деца во земјата. Мојот мал мачор обожава да се слика. Воопшто не му пречи да носи костими“, изјавил неговиот сопственик.
Ле Квок Фонг му дал толку чудно име на неговиот миленик затоа што тој обично се однесува како куче. Затоа устата на Дог е отворена на повеќето фотографии. Неговите слики стигнуваат до весниците не само во Виетнам, туку и во Тајланд и Кина.
Некои луѓе мислат дека на Дог му е неудобно во облеката што ја носи, но тоа не е вистина.
„На Дог му е многу удобно во костимите. Тој може да оди сосема нормално“, открил сопственикот.
Погледнете ги фотографиите од најслаткиот продавач во светот…
Дог всушност е од расата Шкотски фолд
Дог станал вистинска ѕвезда на пазарот Хаи Фон
Тој го привлекува вниманието и на муштериите и на конкуренцијата
Продолжете на следната страница за да ги погледнете и останатите фотографии од овој славен продавач…