Запознајте го Морк, кученцето што било спасено од сигурна смрт, а изгледа како мал Јода
Повеќето луѓе сакаат слатки животни, а истовремено постојат и многу љубители на серијалот „Војна на ѕвездите“. Дури и оние што никогаш не ги гледале филмовите, се свесни колку „фама“ се крена минатата година околу ликот на Јода.
Но, можеби постои нешто што ги поврзува и двете групи „фанови“. Замислете симпатично кученце и замислете го Јода… И ќе го добиете Морк! Сличноста помеѓу нив е неверојатно голема.
Морк бил спасен од трговците со месо од кучиња во Кина од страна на организација наречена Harbin SHS. Тој бил толку слаб што морал веднаш да биде хоспитализиран и за малку ќе починел. За среќа, преживеал и кога бил доволно здрав, Морк бил донесен во САД од организацијата Road Dogs & Rescue и вдомен од основачот – Ники Карви. Оваа организација досега вдомила над 50 кучиња. Вклучувајќи го Морк!
Сепак, тоа бил долг и тежок процес за ова кученце, откако тој бил спасен во октомври минатата година. Морк страдал од некои болести и бил многу слаб кога пристигнал во САД. Но, неговата ситуација значително се подобрила благодарение на хуманите луѓе.
Според неговиот сопственик, Морк е навистина весело кученце и заслужува многу љубов и внимание. Има многу следбеници на Инстаграм и е навистина среќен што ја избегнал тажната судбина.
Во продолжение погледнете ги слатките фотографии и забележете ја сличноста меѓу Јода и Морк.
Таа има свое мече и ја обожува модата! Запознајте ја Џил: верверичката трендсетерка!