Запознајте го Мохито – зеленото куче!
Џоана Јустиц од германскиот град Вермелскирхен, сопственичка на златен ретривер, неодамна се изненадила кога видела дека нејзината кучка на свет донела кученце со зелена боја.
Таа била многу загрижена, но ветеринарите ѝ објасниле дека со кученцето е сè во ред и дека се работи за еден вид аномалија која не влијае на здравјето.
Иако е во прашање природна аномалија, досега, на светско ниво, се имаат родено само четири кучиња со зелена боја. Оваа боја е со краток век. По неколку месеци избледува и кучето нема да се разликува од другите кучиња од истата раса.
Можно е необичната нијанса да се појавила поради пигментот во жолчката, биливердин кој се наоѓа во постелката. Кога ќе се помеша со плодовата вода која го храни и штити плодот, може да го обои крзното на кучето.
Кученцето го добило името Мохито поради необичната боја на крзното која потсетува на познатиот коктел од нане и лимета.
Запознајте го и Вајли, најслаткото куче далматинец со срце на носот.