Запознајте го Кори, 9-годишно момче со изострен вкус за мода
Додека растеме имаме соништа за нашата иднина. Сакаме да бидеме адвокати, лекари, бизнисмени… Се замислуваме во костуми со актовки, во канцеларија или на терен. Но, тоа не е случајот со Кори, 9-годишно момче кое од мали нозе се однесува како вистински шеф и веќе ги презел работите во свои раце, продавајќи ги неговите колачиња Mr. Cory’s. Со својот изострен вкус за мода и беспрекорен стајлинг, Кори остава впечаток на паметно момче со светла иднина, кое навистина знае како да ги привлече сите погледи кон себе. Кори бил откриен од страна на Џејми Фалдмен која го забележала младото момче како купува костуми, баш како што прават големите бизнисмени.
Иако мал, Кори веќе има развиено бизнис стратегија за неговите колачиња, и навистина знае како да ги продаде! Ова младо момче ќе ве воодушеви, дури и ќе ви послужи како инспирација. Доколку ви се допаѓа стилот на г. Кори, следете го на Инстаграм.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.