Запознајте го Езра „Ајкулата“: Најмладиот тату артист со неверојатен талент
Сопственикот го има научено да црта разни дизајни, меѓу кои пантери, врапчиња, змии, рози и ајкули. Ајкула е заштитното животно на момчето.
Инаку, Езра го има тетовирано неговиот наставник по математика!
Иако не постои сомнеж дека детето има талент, на некои луѓе не им се допаѓа идејата да му се дозволи на 12-годишно момче да се занимава со тетовирање. Ова се некои од нивните коментари:
„Дали ова е легално за 12-годишно момче?“
„Дете со пиштол за тетовирање треба да ви ги отвори очите. Луѓето кои му дозволуваат на детето да вежба на нив се вистинскиот проблем!“
„Ама ајде! Некои од тетоважите се многу прости и детски, без никаква длабочина во нив. Не знам баш дали ова може да го импресионира светот…“
„Одлични вештини, но дали треба да му биде дозволено да се занимава со ова на толку рана возраст иако не станува збор за полно работно време?“
Но, постојат и такви кои немаат ништо друго освен пофални зборови за младиот тату артист.
„Талентирано дете! Подобар и од некои возрасни. Можам само да замислам како ќе изгледаат неговите тетоважи за неколку години.“
„Талентот не се дефинира со години.“
„Сериозни сте со коментариве? Тој има 12 години и поседува повеќе таленти… Тој исто така стажира за нешто што го сака… Неговите родителите не му дозволиле да си ги тетовира пријателите, но другите родители сигурно би го одобриле тоа, бидејќи детето е очигледно добро во тоа што го прави. Сите што напишавте негативни коментари, ве молам немојте да имате деца, бидејќи не дај Боже да имаат страст кон нешто што нема да ви се допаѓа. Ако ја потиснете страста на децата, вие ќе бидете виновни за тоа што нема да имаат никакви емоции кон нивната работа кога ќе пораснат.“
Очигледно е дека постојат поделени мислења на оваа тема. Што мислите вие? Би му дозволиле на Езра да ве тетовира?
Погледнете го и овој познат тату артист кој бесплатно ги тетовирал луѓето што дозволиле тој да им избере дизајн.