Запознајте го Џонатан: Оваа желка е толку стара што има живеено во 3 века
Овој „постар господин“ доживеал многу нешта во животот. Тој „просведочил“ промена на 7 монарси на Британската престолнина, изумот на светлината и светилките, како и создавањето на моторизираните автомобили и Ајфеловата кула и градењето на првиот облакодер. Но и покрај сето тоа, Џонатан е сè уште активен и воопшто не е уморен од животот.
Џонатан се смета за најстарото познато копнено животно на светот. Тој е џиновска желка која била донесена од Сејшелите на островот Света Елена во 1882 година. Откако е донесен, Џонатан живее на имотот на службената резиденција на гувернерот.
Иако никој не ја знае точната старост на Џонатан, се проценува дека тој ја достигнал својата целосна големина кога пристигнал на островот, што значи дека во тоа време тој бил околу 50 години. Ветеринарите веруваат дека е можно да е роден во 1832 година и сега има околу 187 – 188 години.
Просечниот животен век на овој вид желки е околу 150 години. Ова значи дека тој веќе ги надживеал желките од неговиот вид за повеќе од 30 години!
Благодарение на овој факт, тој бил официјално признат како најстарото сè уште живо животно од страна на Гинисовиот рекорд.
Според луѓето кои се грижат за него иако Џонатан има катаракта и е слеп, го загубил чувството за мирис и не може повеќе сам да бара храна, но тој сè уште е многу силен. Освен овие работи кои се поврзани со возраста, тој има добро здравје и опуштено го живее својот живот на островот.
View this post on Instagram
Тие дополнуваат дека кога деновите се сончеви, тој обично го истегнува долгиот врат и нозете надвор од својот оклоп и ужива на сонцето. Но, кога времето било студено, тој влегувал во куп листови или трева и останувал таму цел ден.
Еднаш неделно, Џонатан уживал во омилената храна како што се моркови, краставици, зелка, јаболки и банани.
Тие истакнуваат дека и покрај неговата возраст тој сè уште е многу активен и ужива во вниманието од луѓето. Тој обожувал кога некој ќе му го погали вратот и секогаш бил подготвен да се намести за фотографија.
View this post on Instagram
Џонатан го дели својот дом со уште 3 земјени желки, Дејвид, Ема и Фред, кои се многу помлади од него. Неговиот најдобар пријател, Дејвид е втората најстара желка на островот, но тој има само 80 години.
На островот, Џонатан се смета за вистинска легенда. Тој се сретнал со многу генерации луѓе кои доаѓале и си оделе, па затоа станал симбол за упорност и стабилност за локалните жители. Туристите пак, се подготвени да дојдат од кој било дел на светот за да го видат ова старо животно со свои очи.
Можеби сакате да прочитате и за куоката која се нарекува најсреќно животно во светот, а овие фотографии го докажуваат тоа.