Претходно
Запознајте го Догвинчи: Кучето сликар кое ги продава своите уметнички дела
Знаеме дека уметноста не распознава ниту пол, ниту раса, ниту возраст, но кучето Дагер е доказ дека дарбата и фините работи не прават разлика ниту во видот. Откако неговата сопственичка, Ивон Дагер, утврдила дека нејзиното милениче поседува редок и неверојатен талент да создава прекрасни апстрактни уметнички дела, таа решила веднаш да го охрабри тоа и го обезбедила својот кучешки Леонардо да Винчи со сиот потребен материјал за сликање.
Луѓето не се единствените суштества кои се преокупирани со егзистенцијалните прашања и потрагата по вистинското „јас“
Кучето Дагер, требало да биде тренирано куче – асистент за невладината организација за помош на лица со инвалидитет „Кучешки придружници за независност“.
Но, еден ден неговата уметничка страна ги променила работите засекогаш
Дагер набљудувал како неговата сопственичка Ивон слика и постојано се вртел околу неа
„Започна да ме подбуцнува и јас го прашав ‘Дагер, сакаш ли да нацрташ нешто?’ Тој само мрдна со опашката и јас реков во ред“, објаснува Ивон.