Запознајте го Бронсон, огромното маче од 15 килограми
Мајк Вилсон и неговата девојка Меган Ханеман имаат компанија што произведува „покуќнина“ за мачки со цел физички да се активираат и домашните мачки. Тие имаат две мачиња кои им помагаат да ги тестираат нивните идеи за покуќнина.
Пред неколку месеци се одлучиле да посвојат уште едно маче. Пред да заминат на работа решиле да го посетат локалното засолниште.
Кога отишле, веднаш биле привлечени од огромно маче по име Бронсон. Рецепционерката им кажала дека за да го видат треба да бидат интервјуирани од вработен. Бидејќи воопшто не им дозволувале да го видат, сè што виделе првиот ден бил неговиот грб.
Откако си заминале, не можеле да престанат да размислуваат за него и за тоа како можат да му помогнат да ги изгуби вишокот килограми.
Следниот ден се вратиле во засолништето и разговарале со еден од вработените. Тој им кажал дека сè што знаеле за минатото на Бронсон е дека неговиот последен сопственик починал.
Бидејќи веќе имал 15 килограми и само 3 години, претпоставувале дека станува збор за постара личност којашто го хранела со остатоци од нејзините оброци. Откако го запознале, веднаш се вљубиле во него.
Продолжува на следната страница…