Запознајте го Боро од Скопје: Неговиот стилски стан и начин на живот се вистинска инспирација

Запознајте го Боро од Скопје: Неговиот стилски стан и начин на живот се вистинска инспирација

Удобноста во домот, патувањата, времето поминато со семејството, добрата храна и уникатните шешири се некои од работите кои го прават среќен Боро од Скопје. Но, кој е Боро? Дознајте преку интервјуто кое го направивме со него и преку кое тој ни откри многу детали за неговиот живот и за начинот на кој го живее.

1. Дали можеш да ни кажеш нешто повеќе за себеси? Со што се занимаваш? Кој е Боро?

Здраво, најпрво до вас, а и до сите читатели на порталот Кафе пауза. Се викам Боро, а на Инстаграм можете да го најдете мојот профил како @boro.kosa. Имам 40 години, роден, живеам и работам во Скопје. Сопственик сум на семејното фризерско студио Коса, каде со сопругата заедно работиме веќе 15 години. Таа како главен фризер, а јас сум ПР.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Boro.kosa🎩👓🇲🇰Skopje/Macedonia. (@boro.kosa) el

2. Твојот стил е навистина уникатен, а особено забележителни се шеширите што често ги носиш. Што стои зад таквиот трендовски и уметнички стил? Дали можеби ги следиш животите и стилот на најпопуларните ѕвезди?

Фала на комплиментите. Велат за стиловите не се дискутира, ама бидејќи веќе сум присутен на порталите, а и мојот профил на Инстаграм е отворен, скоро секој може да ме критикува или пофали. Шеширите се моето секојдневие. Ги имам многу, во разни бои и материјали и скоро за секоја пригода. Тие се мојот неизбежен детаљ. Стилот е мој сопствен. Не можам да кажам дека копирам некоја Инстаграм личност, но секако добивам инспирација за одредени парчиња и од таму, а дел од мојата гардероба што ја носам е сопствена креација и таа е шиена и уникатна.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Boro.kosa🎩👓🇲🇰Skopje/Macedonia. (@boro.kosa) el

3. На твојот профил на Инстаграм видовме дека уживаш да се грижиш за домот и неговото украсување. Од каде црпиш инспирација? Дали имаш некој омилен профил на Инстаграм кој те инспирира?

Да. На мојот профил многу често постирам слики од нашиот дом во населбата Ново Лисиче. Домот ми е катче каде што најмногу наоѓам инспирација и во него можам да декорирам по сопствен вкус без ограничување. Кога ќе навлезеш подлабоко во уредувањето, идеите ти доаѓаат сами по себе. Има Инстаграм профили што ги следам со милиони следбеници, каде што навистина има што да се види и што да се научи, но на крајот, уредувањето и декорирањето на домот треба да биде личен печат.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Boro.kosa🎩👓🇲🇰Skopje/Macedonia. (@boro.kosa) el

4. Фотографиите од твоите патувања исто така ни го привлекоа вниманието. Колку земји имаш посетено? Дали постои некое место кое ти оставило навистина голем впечаток?

Патувањата, исто како и уредувањето на домот, ми се многу голема страст. Од патување никогаш доста! За жал, освен Европа другите континенти ги немам посетено, ама затоа Европа скоро цела ја имам ставено на дланка. Не се презаситувам и од повторување на одредени дестинации, бидејќи секогаш останува нешто невидено, непрошетано, невкусено. Скандинавија ќе ја сместам во омилените дестинации, поточно Шведска, од каде можеби и најмногу сум добил инспирација за домашно уредување, мода, па и начин на живеење.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Boro.kosa🎩👓🇲🇰Skopje/Macedonia. (@boro.kosa) el

5. Можеш ли да ни раскажеш некоја интересна случка од твоите патувања или пак да направиш споредба со начинот на живот во Македонија и надвор?

Од тоа што сум прошетал и сето тоа што сум го видел, можам да донесам еден заклучок, а воедно нека биде и порака. Животот не е убав за сите што живеат надвор од Македонија, ниту пак е лош за сите што живеат тука. Животот е убав само за тие што знаат да го направат таков, да уживаат во него и да го впиваат и вкусуваат преку сите можни сетила. Каде и да си, ако го даваш најдоброто од себе, не можеш да добиеш ништо друго, освен најголема среќа за возврат.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Boro.kosa🎩👓🇲🇰Skopje/Macedonia. (@boro.kosa) el

6. Можевме да забележиме и фотографии од храна која изгледа прекрасно, а сигурно е и исто толку вкусна. Кој е главниот виновник за тие креации? Кој е омилениот рецепт во вашето семејство во кој сите уживаат?

Ќе звучам нескромно, но за мене готвач број еден е мојата сопруга. Сѐ што ќе излезе од нејзината работилница е доживување и за вкус и за мирис и за око. Најмногу се радуваме кога ќе го видиме грнето со три вида месо на маса, а уште повеќе ако се заблажиме подоцна со мус од бело чоколадо и малини. Тогаш на среќата ѝ нема кај!

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Boro.kosa🎩👓🇲🇰Skopje/Macedonia. (@boro.kosa) el

7. Што те прави среќен? Која е тајната на удобниот живот?

Кога ќе се разбудиш со позитивна мисла, таков ќе ти биде и денот. Сум имал и јас лоши денови, не постои човек на кој животот му е совршен. Тајната на среќниот живот е во нас самите. Луѓето најчесто, откако ќе изгубат некој или нешто, учат и осознаваат како да го ценат и почитуваат тоа што го имаат повеќе. Вистинска утопија е тоа да го осознаеш и да си благодарен за сѐ што имаш пред да го изгубиш, да се радуваш на животот и луѓето. Тоа е среќа.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Boro.kosa🎩👓🇲🇰Skopje/Macedonia. (@boro.kosa) el

8. Кое е твоето омилено кафе и кој дел од денот ти е омилен за кафе пауза?

Можам да кажам дека сум голем кафеџија. Пијам неколку кафиња во текот на денот. Омилено ми е кратко еспресо, а најубаво ми е првото утринско кафе.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Boro.kosa🎩👓🇲🇰Skopje/Macedonia. (@boro.kosa) el

Погледнете го и ова интервју со Елена Грнчарова: Единствената блогерка од Македонија која соработува со светски глобални брендови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар