Запознајте го 26-годишниот Кордурој: Најстарото маче на светот
Кордурој е едно маченце – пензионер кое одбива да остари. Со 26 години, односно 121 година во мачешки години, Кордурој го држи Гинисовиот рекорд за најстарата жива мачка на светот. Неговата сопственичка, Рид Окура, го посвоила од едно засолниште во Орегон кога имал само 7 години и сфатила дека тој има многу весел и мил карактер и дека сака кога луѓето му обрнуваат внимание, а е трпелив и со децата.
„Кордурој сигурно не се однесува според своите години, тој сѐ уште скока на кујнската маса, трча по скалите, скока на нашиот кревет и спие со нас, а потоа се буди секое утро во 5 часот. Силно верувам дека клучот на неговата долговечност е во тоа што не му ги пресековме канџите и му дозволивме да оди надвор. Така можеше да се одбрани себеси и да го вежба своето тело и ум преку ловењето. Кордурој сѐ уште фаќа животинки, но не е толку добар како порано“, вели Рид
Иако е на специјална нископротеинска диета за да ги заштити своите бубрези, Кордурој, кој инаку припаѓа на најголемата раса мачки мејн кун, е во одлична здравствена состојба.
„Чест ни е што го имаме Кордурој во нашиот живот, искрено не се сеќавам толку многу на животот без него. Тој е прекрасен сопатник и се надевам дека ќе му овозможам среќен и здрав живот уште многу години“, објаснува Рид
Најстарата мачка на сите времиња, по име Крем Паф, живеела 38 години, што значи дека Кордурој го чекаат уште многу среќни моменти во иднината.