Занимливи факти за Тихиот Океан кои можеби не сте ги знаеле порано
Тихиот Океан е најголемиот и најдлабокиот океан на Земјата. Зафаќа површина од 179 милиони км2 од Америка до Азија и покрива 49.8% од морското пространство на Земјата.
Доколку замислите дека сите делови од Земјата се споени во една целина, сепак океанот би зафаќал поголема површина. За време на патувањата во 1520 година, на Фернандо Магелан му се причинило дека Тихиот Океан е многу мирен, по што и го добил името. Но, подоцна било откриено дека океанот и не е секогаш мирен поради бројните вулкански ерупции, земјотреси и тајфуни.
Океанот сè уште не е истражен докрај. Најдлабоката точка на океанот била откриена во 1951 година од страна на британскиот истражувачки брод Челинџер, а длабочината од 11.033 метри подоцна била измерена од страна на руски истражувачки брод со помош на сонарен систем. Станува збор за Маријанскиот ров кој се наоѓа во западниот дел на океанот, источно од Филипините. Името го добил по Маријанските Острови.
Тихиот Океан е веројатно најстарото море на Земјата. Сепак, не може да се одреди дали неговото дно припаѓа на подлабокиот дел од Земјината кора токму поради дебелиот слој на седименти што го покриваат морското дно.
Од друга страна, импресивните факти можат да ни помогнат да сфатиме колку е голем Тихиот Океан. Океанот има неколку антиподи или дијаметрално спротивни точки на површината на Земјата. Доколку би замислиле линија што ги поврзува, таа би покривала половина од планетата. Растојанието на океанот од Индонезија до Колумбија е 19.800 километри, растојание кое може да го покрие пречникот од не само една туку пет месечини и пак би останало простор.
Откако ги прочитавте занимливите факти за Тихиот Океан, можеби ќе сакате да прочитате и за најголемиот вулкан на светот кој е скриен под океанот.
Извор: punkufer.dnevnik.hr