Замрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура

Замрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура

Дали знаевте дека некои дестинации им нудат можност на посетителите за враќање назад во историјата токму поради тоа што го задржале стариот изглед но и старите традиции? Проверете за кои градови станува збор.

Замрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура

Пиодао, Португалија

Сместено во централниот дел на Португалија, Пиодао е едно од најживописните села во Португалија. Благодарение на архитектурата која се задржала со векови, ова село е класифицирано како национален споменик и секоја година привлекува туристи во огромен број. Во раниот среден век, урбаниот центар бил во Казал де Пиодам, долина во близина на денешното село. Кога се одлучило на тоа место да се изгради опатија (која не е зачувана до денес), населбата била преместена. Принудени да ги напуштат своите претходни живеалишта, жителите се населиле на јужната падина на планина, најверојатно околу 15 век. Со текот на времето го изградиле ова преубаво планинско село чии куќи се чини дека се претопуваат со околниот планински пејзаж.

Замрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура

Чивита ди Бањореџо, Италија

Средновековната населба Чивита ди Бањореџо се наоѓа на висока, стрмна карпа во близина на градот Бањореџо. Овие две населби порано биле споени во една целина, но биле разделени со силен земјотрес в0 18 век. Стариот мост во населбата бил уништен од нацистите за време на Втората светска војна. Денес, тесен мост долг 366 метри кој се протега над кањон ги поврзува овие две населби.

Замрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура

Алберобело, Италија

Доколку патот ве однесе накај Јужна Италија не заборавајте да го посетите бајковитото гратче Алберобело кое се наоѓа во провинцијата Апулија. Гратчето кое се карактеризира со бели куќички изградени од варовник и покриви во облик на конус, како и тесни калдрми, плени со својот шарм. Пред околу 100 години, луѓето почнале да го населуваат градот кој е оддалечен околу 40 километри од пристанишниот град Бари. Се верува дека карактеристичниот архитектонски стил се должи на Грците кои масовно емигрирале во Италија за време на колонизацијата помеѓу 8-ми и 5-ти век п.н.е.

Замрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура

Фенгкуанг, Кина

На југозападниот дел од кинеската провинција Хунан се наоѓа град кој се чини дека не подлегнал на неизбежните промени што ги носи со себе модерното време. Фенгкуанг е место кое го задржал стариот изглед од деновите на владеењето на династијата Минг (од 1368 до 1644 година) како и почетокот на владеењето на династијата Чинг (од средината на 17-ти век). Духот на империјалистичка Кина ќе ви го доловат старите куќи, тесните улички, мистериозните премини, античките храмови и бунари, уникатните мостови како и старата позната градска порта.

Замрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура

Динан, Франција

Гратчето се наоѓа во познатиот регион Бретања. За разлика од повеќето други градови кои се распослани во долината на реката Ранс, гратчето никнало на ридот и поради тоа им нуди на своите жители прекрасен поглед на целата долина. Шармантниот средновековен град ја зачувал својата архитектура уште од 13 век и според многумина е еден од најдобро зачуваните стари градови во Бретања.

Замрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура

Куенка, Шпанија

Сместен на стрмна планинска падина со поглед кон реките Хукар и Хуекар, на околу 170 километри источно од Мадрид, се наоѓа средновековниот град Куенка. Градот кој се претопува во околниот планински пејзаж се чини дека е отелотворение на средновековна Шпанија на Мигел Сервантес. Куенка е најверојатно една од најдобро сочуваните средновековни тврдини, изградена од Маврите во 8 век, со која владееле муслимански и христијански владетели.

Замрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура

Откако дознавте кои градови се одликуваат со најдобро зачувана средновековна архитектура, можеби ќе сакате да откриете и кои 5 објекти се сведоштво за раскошот на византиската архитектура.

Извор: nationalgeographic.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар