Замислете си дека сте сирена: Tест кој ќе ви открие многу за вашата личност

Замислете си дека сте сирена: Tест кој ќе ви открие многу за вашата личност

Тестот со сирена е еден едноставен, но многу интересен начин кој ќе ви овозможи на момент да ѕирнете во вашата интима и уште еднаш да ги потврдите нештата кои најдобро ја опишуваат вашата личност. Преку будење на вашата фантазија можете да допрете до своите најголеми длабочини. Подготвени?! Запомнете ги одговорите на следниве прашања…

(1) Замислете си дека сте сирена: Tест кој ќе ви открие многу за вашата личност

1. Замислете дека сте сирена

Каква боја е вашата опашка?

2. Замислете си дека покрај вас плива риба

За каква риба станува збор? Дали е опасна?

3. Замислете си дека наоѓате школка на морското дно и ја земате

Како изгледа школката?

4. Замислете си дека пливате кон површината и забележувате плажа

Колку луѓе има на плажата?

(2) Замислете си дека сте сирена: Tест кој ќе ви открие многу за вашата личност

  • Кликнете тука за одговорите и толкувањето на нивното значење

    1. Бојата на опашката упатува на тоа колку сте друштвени и комуникативни

    Доколку си замисливте опашка во боите на морето, како сина или зелена, тоа значи дека сте срамежлива и позатворена личност. Доколку си замисливте бои кои полесно паѓаат во очи, како розова или жолта, тоа укажува дека сте комуникативни и брзо се спријателувате со луѓето.

    2. Рибата што плови покрај вас покажува како се справувате со конфликтите

    Доколку си замисливте риба која мирно плови покрај вас, тоа би значело дека немате проблем да си го кажете своето мислење. Доколку ја доживеавте како закана, тогаш тоа би можело да значи дека избегнувате конфронтации.

    3. Школката што ја најдовте покажува колку луѓето ве познаваат

    Школките кои се рамни и кои се отвораат, значи дека и вие се отворате лесно пред луѓето и ја откривате вашата интима. Но, доколку си замисливте школка со малку покомплексен, шуплив изглед, којашто не се отвора, тогаш тоа може да се протолкува дека сте личност која е порезервирана во односот со луѓето.

    4.Луѓето на плажата го означуваат бројот на вашите вистински пријатели

    Доколку си замисливте плажа полна со луѓе, значи дека имате неколку групи со пријатели. Малку луѓе на плажата значи дека имате малку, но многу блиски пријатели.

    Се пронајдовте во одговорите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар