Заглавени сте во животот? Овие земји ќе ви помогнат да го најдете вистинскиот пат

Заглавени сте во животот? Овие земји ќе ви помогнат да го најдете вистинскиот пат

Се сеќавате на оној соученик од вашето одделение што изгледаше како да е роден спортист или актер? Или пак, соученичката што знаеше дека веќе има работно место во семејниот бизнис? Дали кога почнавте со средното училиште, дури и професорите ви велеле дека веќе треба да знаете што сакате да правите со вашиот живот бидејќи делувавте толку многу изгубено? Ако вашиот пат не бил јасен како и на вашите врсници, ако не знаевте и сè уште не знаете како возрасни што сакате да правите во вашиот живот – тогаш има само еден начин на кој можете да откриете. Одберете една од овие локации на планетата Земја и впуштете се во авантура, сами. Тие ќе ве инспирираат и ќе ви ги отворат очите за нови можности.

1. Тајланд

(1) Заглавени сте во животот? Овие земји ќе ви помогнат да го најдете вистинскиот пат

Летот до Југоисточна Азија можеби е долг, но откако ќе се симнете од авионот и ќе си дозволите себеси да бидете понесени од неверојатната аура, никогаш повторно нема да погледнете наназад. Цените во оваа држава се многу пониски од оние на кои сте навикнати и сметаме дека воопшто не треба да ги спомнеме неверојатните плажи што оставаат без здив, особено на островите како Ко Тао и Ко Фи Фи.

Од друга страна пак, храната е неверојатно вкусна, а времето скоро совршено – со сино бескрајно небо и ѕвездени ноќи за време на сувата сезона. Но, дури и во дождливата сезона постојат многу нешта што можат да се истражат. Започнувајќи од водопади, дождовни шуми, антички природни патишта, сирова култура и бурен ноќен живот – Тајланд има сè!

2. Уругвај

(2) Заглавени сте во животот? Овие земји ќе ви помогнат да го најдете вистинскиот пат

Уругвај се наоѓа помеѓу Бразил и Аргентина и голем дел од туристите што патуваат низ Јужна Америка го сметаат за рај. Таму можете да најдете многу аспекти на јужноамериканскиот животен стил, вклучувајќи ја културата Гаучо и неокласичната архитектура. Долж атлантскиот брег, вие ќе откриете неверојатни плажи. Во текот на годината, без сомнение ќе бидете понесени од бројните културни фестивали и родеа, како што е „Fiesta De La Patria Gaucha“.

Оваа земја има толку многу нешта што може да ги понуди. Посетете го Пунта дел есте и научете да играте танго во латински стил, каде што луѓето не се воздржуваат при танцувањето. Посетете го главниот град, Монтевидео, каде што ќе видите влијание од Европа и каде што без сомнеж ќе го вкусите најдобриот стек. И најдобро од сè, посетете го рибарското гратче Кабо Полонио, што е богато со дивина. Ако сте среќни, ќе видите пингвин, морски лав и кит во една видикова линија!

3. Република Чешка

(3) Заглавени сте во животот? Овие земји ќе ви помогнат да го најдете вистинскиот пат

Овој избор може малку да ве изненади. Но, токму во центарот на Европа се наоѓа ова ремек-дело што може брзо да ве изнесе на правиот пат во вашиот живот. Главниот град, Прага, е познат по своите камени улици и неверојатна архитектура, па затоа има многу да понуди, особено за оние со фотоапарат. Не само што е популарна дестинација за луѓето што сакаат евтино и вкусно пиво, туку исто така изобилува со модерна уметност, замоци, „Trdelník“ (внимание, кога ќе го пребарате овој збор на Гугл, има шанси да ви потечат лиги!) и ветровити трамваи.

Ова е само дел од тоа што ве очекува во Република Чешка – земја со постудена клима, живописни зелени пејзажи и гратчиња извлечени директно од бајките. Во секое време од годината, таа цврсто ќе се задржи во вашето срце.

4. Германија

(4) Заглавени сте во животот? Овие земји ќе ви помогнат да го најдете вистинскиот пат

Кратко патување со воз може да ве пренесе од Република Чешка до моќната Германија, што се состои од разновидни пејзажи, метрополски начин на живот и пат кон иднина што ветува. Таа е богата со природна убавина, без разлика на која страна ќе тргнете. Има толку многу лозови насади, шуми и езера што нема да знаете каде попрво да погледнете.

Можете дури и да го доживеете најдоброто зимско искуство на Алпите за време на постудените месеци. Изгубете се во безбедниот и популарниот Берлин, впуштете се во истражување на баварските градови и тргнете кон Минхен за време на познатиот Октоберфест.

5. Индија

(5) Заглавени сте во животот? Овие земји ќе ви помогнат да го најдете вистинскиот пат

Дали сте подготвени за најсировото и најколоритното патување на една од најеклектичките и најскромните дестинации на светот? Тогаш извадете ги рупиите, бидејќи ве очекува лудо возење. Индија е единствената држава на Земјата што може за секунда да ви ги отвори очите. Ќе избегнувате свињи и крави на патиштата додека истовремено се воодушевувате на палатите направени од мермер. Ќе вдишувате дел од најслатките ароми околу вас, додека комуницирате со најтоплите луѓе што некогаш сте ги запознале. И нема ништо подобро од домашно подготвените индиски јадења, што ги служат во локалните ресторани.

Таџ Махал ќе ве воодушеви со сиот свој сјај, а луѓето што скокаат во нечистата река Ганг за спиритуално будење без сомнеж ќе ве изненадат и замислат. Цените на скоро сè ќе ве натераат да сфатите колку сте среќни, а одморалиштата со вежбање јога ќе ја заздрават душата до нејзиното јадро. Нека Индија биде вашата авантура, ако се чувствувате изгубено во светот. Отворете ги очите и којзнае, можеби ќе го најдете дури и тоа што не сте знаеле дека го барате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар