Претходно
Загатка: Кој градинар со какви рози дошол на изложба?
Рано напролет, четворица градинари ги донеле на изложба своите рози. Розите биле во четири бои: црвена, жолта, зелена и сина, а секоја роза ја имало во две бои. Никој од градинарите немал две рози во иста боја и никој немал две рози во иста боја како некој друг.
Можете ли да заклучите во какви бои биле розите на секој градинар?
- Милан имал жолта роза.
- Драган немал црвена роза.
- Бојан имал сина роза, но не зелена, додека Никола немал жолта.
- Еден од градинарите со црвена роза имал и зелена.
- Еден градинар со жолта роза имал и сина.
- Еден од градинарите со зелена роза немал црвена.
- Никој од градинарите со жолта роза немал зелена.
M-zolta,crvena
D-zelena,sina
B-sina,zolta
N-crvena,zelena
Милан имал жолта и црвена роза , Драган имал сина и зелена роза, Бојан имал сина и жолта роза и Никола имал црвена и зелена роза. 😀