Загатка: Четворица мажи со капи

Загатка: Четворица мажи со капи

На сликата се прикажани четворица мажи кои се закопани до врат во земја. Не можат да се движат, што значи дека можат да гледаат само пред себе. Помеѓу А и B има дебел непровиден ѕид. Сите знаат дека носат 2 бели и 2 црни капи, но не знаат кој каква носи. Секој од нив знае дека се закопани уште тројца луѓе.

Загатка: Четворица мажи со капи

За да не бидат убиени, еден од нив мора да го повика џелатот и да му ја каже бојата на капата која ја носи. Ако тој погреши, сите ќе бидат убиени. Не им е дозволено да зборуваат меѓусебно. После 1 минута во тишина, еден од нив ја извикува бојата на својата капа. Кој и како е сигурен?

Напомена: не се работи за трик прашање. Не постојат други влијанија ниту начини на комуникација. A и B може да си ја видат само својата репрезентација во ѕидот пред нив, C го гледа B, а D ги гледа и B и C.

  • Одговор

    C кажува дека носи црна капа, бидејќи ниту А, ниту Б, ниту D не можат да го дадат одговорот. D може да ги види капите на B и C, но не може да ја одреди бојата на својата капа бидејќи не знае каква капа носи А. А и B воопшто не можат никого да видат, ниту себеси. Тоа го остава само C во игра. Бидејќи сите други молчат, C сфаќа дека тој мора да носи црна капа, бидејќи доколку D видеше дека B и C носат бели капи, тој ќе знаеше дека носи црна и ќе го извикаше одговорот. Но, бидејќи D молчеше, C знае дека штом B носи бела капа, тој мора да носи една од црните.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Sonja Reply

    Pogoduva C
    Razmisluva: Ovoj pred mene nosi bela. Ako jas nosev bela, ovoj zad mene vednas ke znaese deka toj nosi crna, a bidejki ne kaza, znaci jas nosam crna 🙂

  2. crazy Reply

    c

Остави коментар