Загатка: 3 девојки во продавница за костими за капење
Три најдобри другарки: Ана, Билјана и Дафина пошле да купуваат костими за капење. Бидејќи сите три биле доста пребирливи, пробувале разни модели, за на крајот секоја да нив да го купи оној костим за капење кој е во нејзината омилена боја. Можете ли да одредите која од нив која боја ја сака и по кој редослед го направиле изборот при купувањето?
Притоа, служете се со овие насоки:
1. Ни Билјана ни Ана не купиле црвен костим за капење.
2. Онаа која прва завршила со купување го избрала жолтиот костим.
3. Билјана не била втора.
4. Сина боја сака онаа која последна избрала костим за капење, а тоа не е Ана.
Решение:
Прва купила Ана и тоа жолт костим за капење, потоа Дафина која избрала црвен и на крајот Билјана која го купила синиот модел.