Претходно
Зачудувачки факти за Земјата
Датум: 06 јун 2011
Коментари: 0
Земјата постојано ни открива нови тајни. Многу луѓе не се свесни за нив… Еве ги најзачудувачките факти за нашата планета:
- Веќе знаете дека Земјата не е округла, туку благо сплескана на половите. Оваа форма се вика плоскат сфероид.
- Најдлабокото езеро на светот е Бајкалското, кое се наоѓа на територијата Русија. Неговата должина изнесува 643 километри, максималната широчина му е 48 км, а длабоко е 1,6 км. Се вели дека водата од петте најголеми езера би можелa да се сипат во него.
- Повеќето пустини на земјата не се целосно покриени со песок, туку содржат и доста камења и ситен песок. Од целиот пустински предел, само 15% е песок.
- Каспиското море е најголемата затворена водена површина на земјата која се наоѓа помеѓу границите на Русија и Иран.
- Ако испари целата вода од океаните, солта што ќе остане распространета на површината на Земјата ќе направи слој дебел 152 метри.
- На секои 1.000 метри, температурата на планините опаѓа за околу 5,5 степени Целзиусови. Најдолгиот планински венец го сочинуваат Андите во Јужна Америка со должина од 7.282 км. По нив се Карпестите планини и Хималаите, Големите разделени планини во Австралија и Трансарктичките планини.
- Според експертите, секоја година по околу 1.000 тони парчиња од вселената врнат на нашата планета.
- Понекогаш земјотресите се многу деструктивни и предизвикуваат масовно уништување и смрт на животни, луѓе и растенија. Фактот е дека Земјата произведува 1 милион земјотреси годишно. Но, само малку од нив се деструктивни, а повеќето се безопасни. Голем број од нив не се ни чувствуваат и поминуваат незабележано.
- Земјата има многу атмосферски слоеви кои се наоѓаат околу неа и ја штитат. Помеѓу нив, тропосферата е најнискиот и најтенкиот слој кој е најблиску до Земјата. Се наоѓа на околу 16 км од нејзината површина, но има најважна улога во нашата заштита.
- Се смета дека Долината на смртта во Калифорнија е најжешкото место на Земјата. И несомнено е. Сепак, најжешката забележана температура е во Ал Азизија, Либија, која изнесувала 57,8 степени Целзиусови, измерена на 13 септември 1992. Највисоката температура измерена во Долината на смртта изнесува 56,6 степени Целзиусови на 10 јули 1913.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.