Зачудувачка сцена: Дали е ова осмото светско чудо?
Оголените темни дрвја опкружени со песочни дини изгледаат како мотив од слики на надреалистички мајстори, а не како фотографија од вистинско место.
Сепак, станува збор за област во пустината Намиб, наречена DeadVley или мртво мочуриште. Сместено е во Сосусвлеј, во Националниот парк Намиб-Науклуфт и има дрвја постари од илјада години.
Областа порано била влажна, но климата се менувала со текот на времето. Дрвјата пресушиле, а поради сувата клима не можат да изгнијат.
Тие се опкружени со песочни дини, кои достигнуваат висина од 400 метри на одредени делови и се смета дека се највисоки во светот.
Иако температурите во намибиската пустина може да достигнат 50 Целзиусови степени, мртвото мочуриште во Сосусвлеј го посетуваат многу туристи во текот на целата година.
Погледнете ги овие 10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата.