Зачините како моќен афродизијак

Зачините како моќен афродизијак

Поради изобилството етерични масла кои ја поттикнуваат циркулацијата и ја будат сексуалната енергија, зачините имаат афродизијачко својство. Прочитајте што симболизирале тие во древното минато и какво интересно дејство имаат.Зачините како моќен афродизијак

Бибер

Дали сте знаеле дека кивањето е еротско уживање? Велат дека им носи радост на вдовиците и ја ублажува импотенцијата кај срамежливите. По потреба, најдобро е да се истолчат неколку зрна, и тоа не само за да се сочува вкусот, туку и заради церемонијалност. Секако може да се употреби и бибер во прав.
.

Ловор

Римските јунаци ги закитувале со ловорови гранчиња, што претставувало симбол на машкост. За јадење, ловорот се користи во мали количини (половина голем лист или еден мал), бидејќи има многу силен и по малку горчлив вкус.
.

Анасон

Во многу земји на Средниот исток се користи за поттикнување љубов кај штотуку венчаните и за лечење импотенција.
.

Оригано

Има интензивен вкус и мирис и е типичен зачин во медитеранската кујна. Ако заедно со својот партнер влезете да се капете и во водата додадете една рака оригано, ќе доживеете исклучително еротско искуство.
.

Босилек

Во древните култури, а и денес, во вуду ритуалите на Хаити се верува дека босилекот влијае на плодноста и предизвикува страст. Потекнува од Индија, каде добил репутација на афродизијак, па затоа мажите во древните племиња џвакале свежи листови од босилек. Се верувало исто така дека расцветениот босилек во куќа значи дека во неа ќе дојде девојка, бидејќи тој потсетува на женски гениталии.
.

Лаванда

Ставете ја лавандата во кесичка, а потоа сместете ја под перницата на креветот на кој ќе водите љубов.
.

Жалфија

Војниците во античка Грција биле дочекувани со чај од жалфија кој го подготвувале нивните жени за да ја поттикнат нивната плодност. Жалфијата има интензивен мирис и мора да се користи во умерени количини.
.

Ѓумбир

Во античкиот период ѓумбирот се сметал за извор на љубовна енергија. Мажите кои пиеле чај од цветот на ѓумбирот,  биле вистински љубовници. Девојките кои носеле венчиња од цветови од ѓумбир станувале провокативни. Кога ѓумбирот од Египет е пренесен во антички Рим, тој веднаш е прогласен за љубовен зачин. Готвачите на Мадам Дубари подготвувале смеса од жолчка од јајце и ѓумбир која љубовниците и куртизаните, па дури и Луј XIV ги доведувала во состојба на неизмерна страст.
.

Цимет

Пијалакот од стапче од цимет се препорачува како лек при менструални тегоби и тегоби во текот на бременоста. Легендата вели дека кралицата од Саба го восхитувала кралот Соломон не само со својот ум и богатство, туку и со својот мирис. Кога стигнала во Ерусалим, го намачкала своето тело со масло од цимет, па кралот Соломон не можел да ù одолее.
.

Нане

Шекспир го споменува нането, заедно со лавандата и рузмаринот како стимуланс за средовечни мажи. Митолошката приказна вели дека Персефона, кралицата на подземниот свет, ја претворила нимфата Минти во растение мента и ја ставила во земја, бидејќи била љубоморна, затоа што нејзиниот маж Хад ја сметал за неодолива. Сè било залудно бидејќи Хад ја обожувал ментата поради нејзиниот мирис и вкус. Поради сето ова, уште од античките времиња нането се смета за афродизијак.
.

Каранфилче

Можеби поради обликот на зрното, каранфилчето уште одамна во Азија го сметале како главен поттикнувач на машкиот полов нагон. И денес во Индонезија родителите во дворот покрај куќата, садат каранфилче кога ќе им се роди машко дете.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар