Зачини – совршена алатка за истражување на историјата на човештвото!
Дали знаевте дека уште во 3500 година п.н.е. старите Египќани ги користеле зачините во исхраната, козметиката, па дури и за балсамирање на мртвите? Во текот на историјата, трговците ги сметале зачините за една од најважните трговски стоки. Тие често патувале од едниот до другиот крај на светот за на крајот да го дефинираат вкусот на одредена култура.
Од антрополошки аспект познато е дека човекот еволуирал заедно со билките околу него. Така, најраните докази сугерираат дека ловците го завиткувале месото во лисја за да не се расипе, а потоа случајно откриле дека тој процес го подобрува вкусот и мирисот на дотогаш невкусното сирово месо.
Познато е и дека античките цивилизации ги користеле зачините во медицината, а потоа откриле дека тие можат и да го подобрат вкусот на храната.
Во гробницата на Тутанкамон е пронајден лук
Во Папирус Еберс, медицински прирачник кој потекнува од древниот Египет, се наведува дека тогашните медицински третмани вклучувале употреба на ким, коријандер, морач, лук, нане и кромид. Прирачникот, исто така, го содржи податокот дека работниците кои работеле на изградбата на Кеопсовата пирамида, консумирале кромид и лук за да бидат здрави и издржливи. Покрај тоа, Египќаните верувале дека ќе имаат мир во задгробниот живот ако бидат погребани со лук. Затоа, не е воопшто чудно тоа што археолозите пронашле неколку чешниња лук во гробницата на Тутанкамон.
Мускатното оревче и каранфилчето потекнуваат од Кина
Во „Книга за билките“ (Ben Cao Jing), античките кинески текст за класичните билки се наведува дека кинеските дворјани носеле каранфилче во устата за да им здивот сладок кога му се обраќаат на императорот.
Во античките ракописи со клинесто писмо кои потекнуваат од подрачјето помеѓу реките Еуфрат и Тигар, е откриен долг список на зачини кои се користеле во Месопотамија. Од оваа област потекнуваат сусамот, кардамонот, мајчината душица, анасонот, шафранот, кимот, афионот, куркумата, копарот и смирната.
Црвениот бибер како „оружје“ во граѓанска војна
Старите Грци носеле круни од магдонос и мајоран за време на гозбите за да го спречат пијанството, а во Рим се користеле слични зачини во виното кои ние ги користиме денес во џинот.
На крајот на 18 век, Американците ги разменувале продуктите како брашно, говедско месо, тутун, сапун и путер за зачини како бибер, цимет, каранфилче и ѓумбир. За време на граѓанската војна, зачините биле од огромно значење како за здравјето на војниците така и за борбата против непријателот. Имено, писмото пронајдено во брошурата на американскиот конгрес покажува дека војниците носеле мелен црвен бибер и си го фрлале в очи. Иако честопати се поврзува за унгарската кујна, црвениот бибер потекнува од Мексико.
Ванилата e поскапа од среброто, а црниот пипер се користел за плаќање кирија
Најскапиот зачин во светот е шафранот. Цвета само еднаш годишно, а сосема мал дел од растението се користи за производство на зачинот. Секој цвет мора да се бере рачно, а ливчињата кои изгледаат како тенки, жолти нишки, треба внимателно да се отстранат. Заради деликатноста на целиот процес, еден грам квалитетен шафран чини околу 60 евра.
Вториот најскап зачин во светот е ванилата. Занимлив факт е што свежите мешунки на ванилата немаат ниту мирис ниту вкус. Вкусот се добива преку сушењето на сонце при што зачинот ја добива својата препознатлива кафена боја. Еден килограм ванила чини околу 2600 евра, што значи дека овој зачин е поскап од среброто.
Црниот бибер е зачинот кој најмногу се користел за трговска размена. Овој зачин се нарекува и „црно злато“ или „крал на зачините“, а во античко време бил толку многу популарен што се користел за плаќање данок и кирија.
Солта, најкористениот зачин во светот всушност не е зачин туку засилувач на вкусот. Солта била толку популарна во антички Рим што ја разменувале за војници. Англискиот збор за плата „salary“ доаѓа од латинскиот збор „sal“ што значи сол.
Откако прочитавте за кратката историја на зачините, можеби ќе сакате да прочитате и за најважните трговски патишта во историјата.
Извор: punkufer.dnevnik.hr