Зачекорете по светкавата ѕвездена патека
Британската компанија „Pro-Teq“ создала интересен раствор во форма на спреј, кој го користи за создавање ѕвездени пешачки патеки. Иновативниот продукт наречен „STARPATH“ создава нелизгава, водоотпорна површина, која истовремено е и алтернатива на уличните светилки и не бара електрична енергија. Ваквите патеки се идеални за вечерните пешаци, а исто така се евтини и не бараат голема работна сила.STARPATH е моментално инсталирана во Англија, каде што е покриена патека со должина од 140 метри. Целата работа била завршена за помалку од четири часа, а процесот вклучува прскање полиуретанска основа, проследена со еден слој агрегатен материјал кој ја апсорбира и складира енергијата од УВ-зраците и на крај еден слој полиаспартик, кој се суши за само половина час.
Сопственикот на компанијата Хамиш Скот објаснува: „Производот се приспособува на природната светлина, така што доколку е ептен темно надвор, флуоресцентната светлина на патеката ќе се засили, и обратно, ако небото е светло, нема да биде толку светла. Таа соодветно се прилагодува според условите, како да има сопствен мозок.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.