Забележани се необични радио сигнали од галаксија оддалечена 1,5 милијарди светлосни години
Научниците изјавиле дека забележале повторувачки и навидум необични радио сигнали од длабочината на вселената. Ова е еден од најчестите потенцијални знаци за вонземски живот, барем според мислењето на пошироката јавност. Сепак тврдењето дека повторливите радио сигнали се креирани од интелигентни битија, наместо дека се космичка врева од случајни сигнали може да биде малку погрешно.
Новиот радио сигнал се повторил шест пати од иста локација. Ова е само втор пат научниците да детектираат бранови кои се повторуваат на овој начин. Тие сметаат дека ова е неверојатно откритие кое можеби ќе ни помогне да го откриеме потеклото на овие фреквенции.
Од ѕвезди кои се распаѓаа и емитуваат радио бранови, до сигнали испратени до вонземјани кои наводно се изворот на оваа фреквенција, навистина не постојат многу информации за да се објасни оваа појава. Сепак, постои информација според која сигналите се дело на природата наместо на интелигентен живот – секој сигнал е испратен низ галаксијата со речиси истата енергија што ја произведува сонцето во една година. Дали е возможно интелигентен живот да прати сигнал со толкава моќ? Исто така сигналите траеле само по една милисекунда.
Астрофизичарот од Универзитетот од Британска Колумбија, Ингрид Стерс, изјавил:
„Сè досега знаевме само за една ваква појава. Знаењето дека има и друга укажува дека можеби има и повеќе. А со повеќе повторувања и повеќе извори достапни за истражување, можеби ќе можеме да ги разбереме овие космички загатки – од каде доаѓаат и што ги предизвикува.“
Звучи навистина неверојатно сигналите да се дело на друга интелигентна цивилизација бидејќи енергијата што е потребна за нив е речиси невозможна да биде генерирана од животна форма. Сепак, поради заинтересираноста на јавноста за истражувањето, научниците изјавиле дека се обидуваат да најдат една локација од каде што потекнуваат овие сигнали. Астрономот Чери Нг од Универзитетот во Торонто изјавил:
„Ова може да биде нешто како остаток од супернова или нешто во близина на централна црна дупка во галаксија.“
Ова им смисла бидејќи црната дупка е објект кој би можел да испрати толку силен сигнал.
Во текот на три недели, истражувачите успеале да детектираат 13 екстремно брзи радио сигнали кои им дале уште малку информации. Во Британска Колумбија, Канада, сигналите биле детектирани со експериментот познат како CHIMЕ. Се верувало дека опсегот на фреквенциите бил многу поограничен од она што го откриле. Од 13-те забележани сигнали, барем 7 биле со најниската фреквенција што можеле да ја забележат досега – 400 MHz.
Сепак сето ова повеќе изгледа како некој необјаснив феномен, како експлодирањето на ѕвезда или црна дупка, наместо порака од вонземјани. Но како и да е, ќе ве натера да размислувате.
Погледнете и на кои начини вонземјаните би можеле да стапат во контакт со нас.