Забавни опции на Google Earth

Забавни опции на Google Earth

Автор: Петар Тодоровски

Добро е познато дека Google Earth може да ве одведе до која било локација во светот, но малкумина знаат дека во оваа апликација се вградени уште неколку опции кои ја прават уште позабавна. Со неа може да се одлета и во вселената, или пак да се разгледува морското дно, да се прошета по некој град…

Ако имате доволно слободно време за трошење на заразниот Google Earth, на левата страна од прозорецот чекирајте ги полињата Street View, 3D Buildings, Ocean, Places of Interest и Terrain, и слободно впуштете се во виртуелна авантура преку следните опции.Забавни опции на Google Earth

Истражувајте ја вселената

Не очекувајте дека истражувајќи ја вселената со Google Earth ќе успеете да најдете вонземски живот, но барем можете да ги разгледувате планините, кратерите и кањоните на Марс и на Месечината. Треба само да кликнете на црвената планета на лентата со алатки и да изберете што сакате да истражувате. Ако сепак забележите некое чудно суштество, веднаш алармирајте ја НАСА. 🙂

Истражувајте го морското дно

Во менито Tools кликнете на Options. Ќе се отвори прозорец во чиј долен дел стои опцијата Terrain Quality, каде што лизгачот треба да го наместите на Higher. Потоа упатете се кон кој било дел од морското дно и истражувајте. Ќе наидете на подводни кањони и вулкани, а на одредени места се поставени и фотографии и видеа од морското дно.

Поглед во историјата

Со оваа опција можете да разгледувате како изгледала одредена локација пред извесно време. Впишете ја локацијата во полето Fly to и потоа зумирајте. Доколку оваа опција е достапна за вашата локација, во долниот дел на прозорецот ќе се појави број кој ја означува годината. Кликнете на него, а потоа со лизгачот во горниот дел на прозорецот изберете ја годината од која сакате приказ.

Прошетка по улиците

Google Earth дава не само мапи, туку и можност за вистинска прошетка низ одредени локации. Впишете го името на локацијата и откако ќе стигнете до неа, малото кафеаво човече на десниот дел однесете го на улицата по која сакате да „прошетате“. Потоа користете го курсорот за да се движите низ градот.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар