Забавни и смешни роденденски пораки
Не трудете се премногу околу подарокот, бидејќи среќата и насмевката кај славеникот многу полесно ќе ги излобирате со некоја „откачена“ порака во роденденската честитка. Не е на одмет ниту малку роденденски црн хумор. Еве неколку веќе проверени идеи, кои се особено применливи кај оние на кои веќе им натежнуват годините. 🙂
„Знаеш дека старееш, кога единствената работа што ја посакуваш за сопствениот роденден е да не те потсетуваат на него.“
„Родендените се добра работа. Статистиката покажува дека луѓето со најмногу родендени, најдолго живеат.“
„Стареењето е задолжително, но затоа созревањето е само опција.“
„Смеј се додека имаш заби.“
„Во ред е ако дуваш свеќи на твојата роденденска торта. Ја известив противпожарната служба.“
„Дали атмосферата тука станува жешка или тоа се само свеќите на твојата торта.“
„Многу познати личности се родиле на овој ден. Штета што ти не си една од нив.“
„Без гајле, сè уште не си стар, само си уште една година поблиску до смртта.“
„Почни да ги броиш благословите, а не брчките.“
„Мислиш дека си стар? Не си стар, минатата година беше стар, сега си веќе антика.“
„Ќе почнеш ли да ги дуваш свеќите или уште ќе ги броиш?“
„Што е тоа што оди нагоре и никогаш не се симнува? Твоите години! Среќен роденден!“
„Единственото кое го добиваме без да вложиме напор се годините.“
„Во секој постар човек живее младо момче, кое се прашува: ‘Што по ѓаволите се случи со мене?’“
„Како и сите други жени на моја возраст, имам 25 години.“
„Не, не сум ти го заборавил роденденот, само заборавив кој датум е денеска.“
„Ти немаш 40 години, ти си 18-годишник со 22 години искуство.“
„Најдобар начин да останеш млад, е да лажеш за годините.“
„Здравица за тебе. Можеби ќе доживееш да наполниш онолку години, колку што изгледа дека имаш во моментот.“
Дополнителна инспирација: 45 забавни начини на кои можете да им честитате роденден на најблиските.