Забавни анимирани гифови со интересни факти за животните
„QI“ (Quite Interesting) е британско ТВ квиз шоу во кое прашањата се толку нејасни што не е многу веројатно дека ќе бидат дадени точните одговори. За да компензираат за ова, креаторите на шоуто даваат поени и за креативните одговори, без разлика дали се точни или не.
Истражувачите кои работат на шоуто неодамна изненадија со серија интересни анимирани факти за животните, чија реализација е на Michael Whaite кој го знаеме од претходно, повеќе познат како @MrWahite.

Слоновите не можат да скокаат.

Домашна мачка може да истрча побрзо од Усеин Болт.

Изметот на вомбатот е во форма на коцка за да го спречи да се тркала.

Нилските коњи ја користат сопствената пот како крема за сончање.

Лосот може да почувствува кога му слетува мува на роговите.

Жирафата може да си ги излиже ушите однатре.

Богомолката има уво помеѓу нејзините нозе.

Првите научници кои нашле клунар се обиделе да го извадат неговиот „лажен“ клун.

Најчесто октоподите имаат сина крв.

Кога ќе се сврти ајкулата наопаку паѓа во транс.

Машките лавови спијат по 20 часа на ден.

Вервериците се бакнуваат за да се идентификуваат една со друга.