Забавен тест: Проверете што кажува патецот на косата за вас
Можете да правите безброј тестови на личноста, а можете и само да застанете пред огледало да го видите вашиот патец на косата и да откриете многу за вашиот карактер.
Патец на средина
Самосвесни, интелигентни, искрени и одмерени жени, кои секогаш се добро организирани. Имаат малку, но избрани пријатели на кои секогаш може да се потпрат. Не ги разбираат личностите кои се непристојни и кои се склони кон пасивна агресија.
Патец на десна страна
Емотивни, емпатични и секогаш се грижат за другите. Најголем проблем им претставуваат ситуациите на кои не можат да влијаат и проблемите кои не можат да ги решат. Ја обожаваат храната, без разлика дали ја готват или ја јадат.
Неправилен патец на средина
Тие се посветени на фамилијата и на работата и секогаш се способни да се прилагодат на различни луѓе и околности. Пријателски настроени и ги привлекуваат луѓето како магнет, па дружењето за нив не е проблем.
Патец на лева страна
Од утро до мрак посветени на работните и домашните обврски. Децата и животните ги обожаваат овие жени. Не ги поднесуваат лагите како и оние кои постојано драматизираат.
Шишки
Тие сакаат да се забавуваат и да се смеат, но кога треба, тие знаат да бидат многу сериозни и си ја остваруваат секоја цел.
Без патец
Самосвесни, точно знаат што сакаат, не сакаат да се експонираат, туку преферираат да останат воздржани. Не сакаат да озборуваат и да драматизираат, а покрај тоа се и многу спонтани.