Забавен тест на личноста: Омиленото вино говори за вашиот карактер
Ако сакате да дознаете нешто за личноста со која првпат излегувате на состанок, обрнете внимание на виното кое ќе го нарача. Верувале или не, изборот открива по нешто за нашиот карактер, нашите маани, слабости и доблести. Прочитајте ја личноста спроти вас низ овие комични мисли кои веројатно ѝ поминуваат низ глава.
Шардоне
„Можам да пијам и сам/а. Можам да пијам и со појадок.“
Ризлинг
„Ќе нарачам суши. Не, кинески пролетни ролнички. Море дајте ми бифтек. Уф, не знам што сакам.“
Совињон бланк
„Ставете малку мраз. Не ми е грижа за правилата.“
Мускат
„Брзо се опивам, ама долго останувам во елемент.“
Домашно вино
„Јас не одам на сигурно, дај што ќе дадеш.“
Розе
„Наречи ме Барби и играј си со мене.“
Шампањ
„Ова е само почеток. Да, ќе има секс вечерва.“
Просеко
„Сигурен/на си дека можеш да ме следиш?“
Каберне совињон
„Знам што сакам – само квалитетно и искрено.“
Малбек
„Пробај го, толку е модерно.“
Кјанти
„Едвај чекам да те запознаам со моите родители.“
Пино ноар
„Само да не ме прочитаат дека не сакам вино и дека се фолирам дека знам сè за овој пијалак.“
Мерло
„Нееее, јас нннее ссссум аллкохолличар/ка.“
Шираз
„Никогаш не сум пробал/а ништо друго освен ова вино.“
Божуле
„Ова е фенси, како и твитањето, црниот бран во кинематографијата…“
Сангрија
„Чипсот и сосов се бесплатни, така?“
Што било
„Ако некој ме бара, ќе бидам под маса, наскоро.“