Забавен парк инспириран од „World of Warcraft“ и „Starcraft“
Конечно се исполни сонот на сите обожаватели на овие две, веќе култни игри, бидејќи паркот официјално ги отвори своите порти и започна да работи. Тој се наоѓа во Кина, малку северно од Шангај и е наречен „World Joyland”.За жал, паркот не е со одобрение ниту од „Activision“ ниту од „Blizzard Entertainment“, но доколку не разбирате кинески, тоа може и да не го сфатите. Делот од паркот кој е посветен на играта „World of Warcraft“ е наречен „Terrain of Magic”, додека оној на „Starcraft“ е познат како „Universe of Starship“. Паркот е распослан на неверојатни 600.000 квадратни метри, а за неговата изработка биле потрошени 31 милион американски долари.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.