За животот, среќата и љубовта: 13 моќни мисли од Габриел Гарсија Маркес

За животот, среќата и љубовта: 13 моќни мисли од Габриел Гарсија Маркес

Габриел Гарсија Маркес е колумбиски новелист, писател, сценарист и новинар кој го посветил својот живот на перото и литературата. Се смета за еден од најзначајните автори на 20-от век и еден од најдобрите литерати кои твореле на шпански јазик, кој во 1982-та година ја добил престижната Нобелова награда за литература. На денот на неговата смрт, во април 2014-тата година, Хуан Мануел Сантос – претседателот на Колумбија, го опишал како „најголемиот Колумбиец кој некогаш живеел“. Во продолжение прочитајте 13 од неговите најпознати цитати.

За животот, среќата и љубовта: 13 моќни мисли од Габриел Гарсија Маркес

„Те сакам, не заради тоа што си, туку заради тоа што сум јас кога сум покрај тебе.“

„Ниедна личност не ги заслужува вашите солзи, а онаа која ги заслужува нема никогаш да ве расплаче.“

„Само затоа што некој не ве сака онака како што вие би сакале, не значи дека не сте сакани со целото нивно битие.“

„Вистинскиот пријател е онаа личност која ве држи за рака и го допира вашето срце.“

„Најлошиот начин некој да ви недостасува е да седите покрај него и да знаете дека никогаш нема да го имате.“

„Никогаш не престанувајте да се смеете, дури и кога сте тажни. Некој можеби ќе се заљуби токму во вашата насмевка.“

„Можеби сте само една личност на овој свет, но за некого вие сте целиот свет.“

„Немојте да поминувате време со некој кој не сака да го поминува со вас.“

„Можеби Бог сака да запознаете многу погрешни личности пред да ја запознаете вистинската и на тоа, кога ќе се случи, ќе му бидете благодарни.“

„Не плачете затоа што нешто завршило. Смејте се затоа што се случило.“

„Секогаш ќе има луѓе кои ќе ве повредат. Продолжете да верувате, само бидете внимателни.“

„Станете подобра личност и бидете сигурни дека знаете кои сте пред да сретнете некој нов, а надевајте се дека таа личност ќе знае кои сте.“

„Немојте толку да се спротивставувате. Најдобрите работи доаѓаат тогаш кога не ги очекувате.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар