За животот, егото и музиката: 10 незаборавни цитати од Принц

За животот, егото и музиката: 10 незаборавни цитати од Принц

Легендарната музичка поп икона Принц вчера трагично го загуби својот живот на 57-годишна возраст. Несомнено, во наредните неколку денови неговата брилијантност, дело и музичко наследство ќе бидат прославени не само од неговите верни фанови, туку од сите љубители на музиката ширум светот. Покрај неговиот талент, Принц бил интелигентен и интуитивен човек кој низ своите интервјуа и песни не штедел на зборовите и ја споделувал својата мудрост со сите. Во продолжение прочитајте дел од неговите најпознати цитати преку кои без сомнение уште долго ќе го помните.

За животот, егото и музиката: 10 незаборавни цитати од Принц

„Филмовите се вистински. Музиката е вистинска. Тие влијаат врз луѓето. Реални се. Минатата вечер посведочив како еден диџеј успеа да ја контролира целата соба. Дури ни политичарите не го можат тоа.“

„Најважното нешто на светот е да бидете искрени пред самите себеси, но јас исто така ја сакам и опасноста. Тоа е тоа што ѝ недостасува на поп музиката денес. Нема ниту возбуда, ниту мистерија.“

„Клучот на долговечноста е да се научи секој можен аспект на музиката.“

„Она за што луѓето најмногу се грижат денес е да бидат платени, па затоа се обидуваат да прават сѐ што публиката сака да направат. Јас попрво би им го дал на луѓето тоа што им е потребно, наместо тоа што го сакаат.“

„Не сакам да стојам на импровизирана трибуна. Мојот поглед на светот, тоа можете вечно да го дебатирате. Тоа е тоа што го правам. И исто така, јас сум музиката. Дојдете на моето шоу само заради тоа.“

„Сите имаат свое искуство. Затоа сме тука, за да проживуваме искуства, да учиме, да одиме по тие патишта и можеби ќе поминете низ многу од тие патишта и многу ќе научите, па нема да мора да се вратите повторно назад.“

„Имав огромно его кога бев млад. Огромно. Но, тоа и не е толку лошо. Бидејќи на тој начин, барем имате аспирации да станете некој и нешто, се гледате како големи и успешни, бидејќи сакате да бидете големи и успешни.“

„Ниедно дете не е лошо од самиот почеток. Тие само ја имитираат атмосферата околу нив.“

„Кога станав симбол, сите писатели кажуваа шеги, но јас бев тој што се смееше. Знаев дека ќе бидам тука и се чувствував како секој мој нов албум да ми е прв.“

„Да, сите имаме бомби, сите можеме да умреме кој било ден. Но, пред да дозволам тоа да се случи, ќе танцувам низ животот.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар