За што служи литературата?

За што служи литературата?

За што служи литературата? Зошто толку многу сакаме да читаме додека околу нас се случуваат еден куп важни работи? Аниматорите Маркус Армитиџ и Игнац Џонсон Хигам изработиле едно интересно анимирано видео во кое ги даваат следните одговори.

za-shto-sluzhi-literaturata-kafepauza.mk

Штеди време

Иако навидум изгледа како денгубење, сепак читањето е еден голем заштедувач на време. Низ една книга можеме да доживееме работи за кои не ни стигнува ни цел живот: години, векови, милениуми… Литературата е најголемиот и најдобриот симулатор на животот. Таа овозможува да почувствуваме како е бидеш убиец, разведен, да водиш држава или да оставиш сè и да заминеш во пустината. Можеш да бидеш француска принцеза или римски воин. Сè што ќе посакаш.

Нè прави подобри

Книгите ја имаат таа магична моќ да ни го покажат светот од нечија туѓа перспектива. Со нивна помош можеме да ги согледаме и сопствените постапки од перспектива на другите. Освен тоа, писателите секогаш се пред своето време и ги унапредуваат и нашите погледи кон светот.

Литературата е лек против осаменоста

Книгите се добар пријател, но и нè поттикнуваат да се дружиме повеќе со другите луѓе. Ние често пати не знаеме да го искажеме она што го мислиме, а потоа во книга може да ги најдеме токму оние зборови што сме ги барале за да се изразиме подобро. Честопати можеме да се пронајдеме себеси во нив. Литературата е коректор на површноста со која си пристапуваме себе си и и со која им пристапуваме на пријателите. Таа нè поттикнува на поискрени пријателства.

Нè подготвува за евентуален неуспех

Секој ден читаме вести за луѓе кои доживеале неуспех. Ситењето на несупешните е една од работите со кои се храни овој свет. И во романите има приказни за неуспешни луѓе, но литературата гледа понапред и не суди толку строго. Писателите гледаат со емпатија на понижениот херој, за разлика од медиумите кои гледаат еднодимензионално на настанот.

На крајот Армитиџ подвлекува дека литературата генерално добива погрешен третман од нас. Ја користиме за забава и за релаксација на плажа, а таа всушност е добар терапевт кој го исполнува со мудрост времето помеѓу нашето раѓање и смртта.

Погледнете го целото видео кое зборува за сето ова.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар