За што сè нè излажаа девојките од „Сексот и градот“?

За што сè нè излажаа девојките од „Сексот и градот“?

Нè забавуваа со години, и сè уште знаеме понекогаш да изгледаме по некоја епизода. Уживавме во нивните солзи и насмевки, тага и среќни љубови, иако понекогаш малку претеруваа. Добро, малку или малку повеќе. Еве збир од нелогични нешта од универзално познатата „Сексот и градот“.

За што сè нè излажаа девојките од „Сексот и градот“?

1. Кери живееше во стан кој реално не би можела да си го дозволи

Пишуваше една колумна неделно и тоа ѝ беше единствена работа. Но, некако магично успеваше да живее во супер стан без да ја дели киријата со никого, а да не забораваме на бесконечниот број чевли кои ги купуваше како и скапата облека и честите ручек-средби со пријателките. Да, сигурно.

2. Тие 4 постојано беа заедно

За жал, вистината е дека пријателите не се дружат толку често. Или се премногу зафатени или се премногу вљубени. Вистината е, речиси никој не се гледа и слуша со пријателките секој ден, особено не 4 возрасни и вработени жени.

За што сè нè излажаа девојките од „Сексот и градот“?

3. Живееја нереален, гламурозен живот

Иако ликовите беа 4 жени од средна њујоршка класа, во реалноста навистина се сомневаме дека средната класа граѓани во Њујорк живее така.

За што сè нè излажаа девојките од „Сексот и градот“?

4. На крајот лошото момче испадна принц на бел коњ

Сите знаеме, лошите момци се за во раните 20-ти. Никој не избира голем и лош тајкун за среќен крај во љубовен филм. Кери и Фацата имаа турбулентна врска што само ги научи девојките дека треба да го трпат однесувањето на лошите момци бидејќи на крај тие се оние вистинските.

За што сè нè излажаа девојките од „Сексот и градот“?

5. Постојано се возеа во такси

Може само да замислите колку би чинело возење со такси во Њујорк, уште повеќе возење секој ден за секоја прилика. Само крени ја раката и таксито доаѓа. Во тој случај или си лудо богат или само луд.

6. Секаде стигнуваа многу брзо

Сообраќајот во Њујорк не би бил толку брз и ефикасен ако филмот беше толку нереален. Само тропни со штикличките и таму си.

7. Навистина се сомневаме дека некој њујорчанец би го направил ова

За што сè нè излажаа девојките од „Сексот и градот“?

8. Дадоа многу нереална слика за сингл девојките

Секако, да се биде сингл може да биде забавно, но што е многу, многу е.

За што сè нè излажаа девојките од „Сексот и градот“?

9. Мислам, кој би се облекол вака?!?

За што сè нè излажаа девојките од „Сексот и градот“?

10. А, што е со бездомниците на улиците?

Во големото јаболко има многу бездомници по улиците, и општо, многу нешта кои не беа прикажани во сцените од серијата.

11. Геј пријателите не се карикатури

Геј пријателите се појавуваа само по потреба и служеа за да ги слушаат туѓите проблеми или во сцени кои соодветствуваа за геј пријатели од филмовите.

12. Јадеа и пиеја сè, а сепак успеваа да бидат во добра форма

Во 20-тите да, но не после триесет и некоја.

За што сè нè излажаа девојките од „Сексот и градот“?

13. Може без проблем да извадат гаќички среде ресторан или да зборуваат за вибратори

За што сè нè излажаа девојките од „Сексот и градот“?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар